Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Консултативна работна средба со IWRAW ASIA PACIFIC за мониторинг на судски случаи за насилство и дискриминација врз жените

Во периодот од 1ви до 5ти април 2016 година, во Бангкок, Тајланд, претставници на Здружението ЕСЕ присуствуваа на консултативна работна средба на организации кои спроведуваат мониторинг на тековни судски случаи поврзани со насилство и дискриминација врз жените. Овој настан беше организиран од страна на IWRAW ASIA PACIFIC, организација од Малезија со долгогодишно искуство во обезбедување на поддршка на граѓанските организации  во процесите на известување за спроведувањето на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената при ОН на национално ниво. На консултативната средба присуствуваа организации кои на национално ниво се вклучени во иницијативи поврзани со следење на постапувањето на судиите во постапките поврзани со насилство и дискриминација врз жените: семејно насилство, сексуално насилство  и др.  при што покрај Здружението ЕСЕ на средбата беа присустни организации од Либан и Пакистан.

Повеќе...

Учество на ЕСЕ на работилницата „Менување на наративите за Ромите во здравствените средини“

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените од Здружение ЕСЕ учествуваше на работилницата „Менување на наративите за Ромите во здравствените средини“, организирано од Фондациите Отворено општество – Њујорк и Фондацијата Отворено општество – Македонија, која се одржа во периодот од 05 до 07 април 2016 година во Охрид.

Првиот дел од работилницата се состоеше во размена на искуства помеѓу граѓанските организации од Македонија и Романија кои спроведуваат проекти и иницијативи поврзани со менување на наративите за Ромите во здравствените средини, меѓутоа и пошироко во општеството.

На работилницата исто така беа разгледувани и теоретски модели за тоа како се постигнува промена во наративите и однесувањата на луѓето. Воедно беа презентирани и различни практични примери за иницијативи за промена од различни земји во светот, а кои можат да бидат искористени во работата на полето на менување на наративите за Ромите.

Повеќе...

Учество на Здружението ЕСЕ во националниот процес за подготовка на третиот Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2016 – 2018 година

На 08 март 2016 година до Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, КОМСПИ, Министерство за правда, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за странски инвестиции, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за здравство достави предлог мерки за подготовка на новиот Акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2016 – 2018 година. ЕСЕ достави вкупно осум предлог мерки за три приоритети и тоа: фискална транспарентност, слобода на информации и меѓународна помош/донации. (Види прилог 1)

Во текот на месец март ЕСЕ учествуваше на четири јавни настани за подготовка на мерките за унапредување на фискалната транспарентност, пристапот до информации и транспарентност во примање и обезбедување на меѓународна помош во новиот Акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2016 – 2018 година (03 март 2016 година, 23 март 2016 година, 29 март 2016 година и 30 март 2016 година).

Повеќе...

Средба на Амбасадорот на САД со граѓанските организации по повод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8-ми Април меѓународниот ден на Ромите, Амбасадорот на САД, Г-дин Џес Бејли, оствари средба со претставници од граѓанските организации: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ, НВО КХАМ, Ромски ресурсен центар – РРЦ и Фондација Отворено општество – Македонија - ФООМ.

На средбата претставниците од граѓанските организации на Амбасадорот му ја презентираа својата работа на полето на унапредување на здравјето и пристапот до здравствените услуги за Ромите во Р. Македонија. Граѓанските организации го информираа Амбасадорот кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат Ромите при остварувањето на правото на здравје, со акцент на жените и децата од ромската заедница.  Посебен осврт беше даден на недоволниот опфат на мајките и децата со патронажни посети, недостатокот од матични гинеколози, како и недоволниот опфат на жените Ромки со Програмата за скрининг за карцином на грло на матка. На Амбасадорот му беа потенцирани и неповолните социо-економски услови во кои живеат Ромите, а кои имаат негативно влијание врз здравјето и пристапот до здравствените услуги. Исто така, Амбасадорот беше запознаен и со најчестите проблеми со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствените услуги, вклучувајќи ги повредите на правата на пациентите и појавата на дискриминација. На интерес на Амбасадорот му беше предочено дека иако има завршен медицински кадар со средно и високо образование од ромската заедница, се уште ниту еден од нив не е вработен во здравствените установи во Македонија.

Потоа Амбасадорот дискутираше и со претставници од самата ромска заедница при што ги слушна нивните проблеми во однос на пристапот до здравствената заштита.

На крајот од средбата Амбасадорот даде куса изјава за медиумите.

 

Инвестирајте во здравјето на ранливите и маргинализираните заедници

Повик до политичките партии за претстојните парламентарни избори

Здружението ЕСЕ на 08 април, во х. Holliday Inn, како дел од иницијативата на повеќе здруженија на граѓани: Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, ХЕРА, Левичарско движење - Солидарност и ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, присуствуваше на тркалезна маса со политичките партии. На истата  беа елаборирани утврдените приоритети од областа на здравството и здравствената заштита, односно достапноста, пристапот и квалитетот на здравствените услуги наменети за  жените, Ромите, маргинализираните групи, болните од малигни заболувања, дијабетис и пациенти со алергии.

Здружение ЕСЕ ги образложи следните идентификувани проблеми, и тоа: недоволен опфат на жените со примарна гинеколошка здравствена заштита, недоволен опфат на жените со здравствените услуги од Програмата за скрининг за карцином на грло на матка и дојка, и недоволен опфат на мајките и децата Роми со превентивни здравствени услуги (вакцинација, посета на патронажни сестри и здравствена едукација).

Прочитајте повеќе

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар