Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Видео за буџетскиот процес во РМ, вклучување во процесот и информирање за текот на спроведувањето

Во време на подготовка на предлог буџетот на РМ и буџетите на општините и недоволна информираност на граѓаните за процесот, Здружението ЕСЕ подготви кратко анимирано видео, чија основна цел е да ги информира граѓаните за текот на буџетскиот процес во РМ, како и за нивните права да учествуваат во истиот и бидат информирани за тоа каде и како се трошат нивните пари!

Промоција на публикацијата „Колку чини неплатената работа за нега на возрасни лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби во домаќинствата“


Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ги промовираше наодите и препораките од анализата со наслов „Колку чини неплатената работа за нега на возрасни лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби во домаќинствата“.

Анализата се базира на наодите од спроведеното пилот истражување во 19 ромски домаќинства што обезбедуваат нега на возрасни лица со сериозни хронични заболувања, лица со инвалидитет или стари лица.

Препораките од анализата се во насока за унапредување на состојбата на домаќинствата кои обезбедуваат нега на возрасни лица, како и унапредување на квалитетот на негата, а со тоа и на состојбата на лицата на кои им се обезбедува негата. Поради тоа од страна на Владата го бараме следното:

Повеќе...

Македонија нема прогрес во реализацијата на социјалните, економските и културните права

Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права (низ текстот само Комитетот) по разгледувањето на периодичниот извештај на Македонија ги објави Завршните согледувања. Во овој документ Комитетот и дава триесетина конкретни препораки на Македонија како да ги оствари обврските од ратификуваниот Пакт за економски, социјални и културни права. Се споменуваат повеќе подрачја и проблеми за кои треба да се преземат мерки: пописот на населението, Народниот правобранител, корупцијата и недискриминацијата. Не се изоставени барателите на азил и бегалците, бесплатната правна помош, сексуалното и репродуктивно здравје, Ромите, ЛГБТИ лицата, употребата на дроги, еднаквоста помеѓу мажите и жените, правото на социјална заштита, пристапот до заштита на жртвите на  семејно насилство. Се посветува внимание на проблемите со сиромаштија, минималната плата, домувањето, исхраната, правото на штрајк, невработеноста и правото на образование. Исто така, Комитетот е загрижен што не постојат докази за примена на Пактот во судската пракса, и бара од државата да ја информира јавноста за препораките од 2016 година.

Повеќе...

Пораст на смртноста од рак на грло на матка - Прес Конференција

Граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, Центарот за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ, НВО КХАМ и Ромскиот Ресурсен Центар - РРЦ,[1] бараат од Владата на РМ и Министерството за здравство да ги прифатат предложени мерки за зголемување на опфатот на жените со гинеколошка здравствена заштита и мерките од Програмата за скрининг на карцином на грло на матка.

Предложените мерки се во насока на унапредување на репродуктивното здравје на жените и намалување на стапката на смртност од карцином на грло на матка и од останатите заболувања на репродуктивните органи и тоа:

- Да се обезбедат средства за покривање на трошокот за специјализации по гинекологија и акушерство за матични гинеколози во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ) во сите општините каде што воопшто нема матични гинеколози, за да се постигне опфат со матични гинеколози предвиден со Уредбата за мрежа на здравствени установи;

- Да се зголеми буџетот на Програмата за скрининг за рак на грло на матка, со цел да се опфатат најмалку 35% од жените од целната возрасна група.

- Да не се усвојат предлог измените и дополнувањата на буџетот на РМ за 2016 година со кои се предлага намалување на буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 4 милиони денари.

- Во Програмата за скрининг да се предвидат активности за опфат на маргинализираните групи на жени, со акцент на жените Ромки и жените од руралните средини.

- Да се преземат законски мерки за да се спречат незаконските наплаќања за гинеколошки услуги од матичните гинеколози.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар