Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Информација за медиуми по повод Светскиот ден за борба против карциномот, 04 февруари 2017 година

„Владата ги намалува средствата за рано откривање на рак на грло на матка во период кога се бележи зголемена смртност од ова заболување

Една од целите на кампањата за Светскиот ден за борба против карциномот во 2017 година е обезбедување на универзален пристап до здравствените услуги, поврзани со карциномот а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат здравствените услуги за рано откривање на карциномот. Имено според Светската декларација за карцином, секоја држава треба да обезбеди универзален пристап за населението до скрининг методите за рана детекција на карциномите, вклучувајќи го и карциномот на ракот на грлото на матката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност од карциномите.

Смртноста од ракот на грлото на матката во Р. Македонија бележи пораст во периодот од 2011 до 2014 година. Имено во 2011 година стапката на смртноста изнесува 1,5 на 100.000 жени, додека во 2014 изнесува 4,1 на 100.000 жени, и покрај тоа што овој вид на карцином може навремено да се открие и излекува.

Повеќе...

Состојби и проблеми по однос на заштита на правата на пациентите и здравствената заштита на жените во Р. Македонија

 

Гостување на Координаторот на програмата за јавно здравје и здравје на жените во емисијата „Огледало на здравјето“ на телевизијата АлсатМ. Тема на емисијата се состојбите и детектираните проблеми по однос на заштитата на правата на пациентите и здравствената заштита за  унапредување на женското здравје во Р. Македонија.

Повеќе...

Работилница за буџетско застапување и примена на методологијата за мониторинг и анализа на буџети на програмите за намалување на штети од користење на дроги

Целта на работилницата беше претставници на секретаријатот на Евроазиската мрежа за намалување на штети кои работата со организации од Молдавија, Литванија, Грузија, Белорусија, Казахстан и Таџикистан  кои спроведуваат програми за намалување на штети, да се запознаат со методологијата на мониторинг и анализа на буџети со цел истата да ја применат во својата работа за обезбедување на одржливост на овие програми по завршувањето на финансирањето на истите од страна на Глобалниот фонд. На работилницата учествуваше еден претставник од Здружение ЕСЕ, при што беше претставен теоретскиот концепт за примена на методологијата на мониторинг и анализа на буџети и застапување базирано на истата, а воедно беа споделени искуствата од работата на ЕСЕ на ова поле.  Работилницата се одржа од 21 до 22 јануари, 2017 година во Вилнус, Литванија. Оваа работилница е почетна работилница од низата на активности кои ЕСЕ ќе ги спроведува во соработка со Евроазиската мрежа за намалување на штети на полето на применета буџетска работа и буџетско застапување.

Повеќе...

Новогодишна Забава – 24.12.2016 година

Новогодишната забава која ЕСЕ традиционално ја организира секоја година пред почетокот на новогодишните празници и оваа година беше организирана и реализирана на 24.12.2016 година со една цел, а тоа е социјално јакнење на нашите клиенти и нивните деца и едукација на децата. Со оваа забава ја потврдивме нашата посветенот во работата со нашите клиенти, ја продлабочивме соработката со нашите постојани и нови пријатели и поддржувачи, заедно влијаевме на радоста на децата и заеднички ги исполнивме поставените цели.

Новогодишната забава беше реализирана со помош и поддршка на: Младински културен центар (Детски креативен центар), Тинекс МТ, Топер, Милфуд Лапетит, Кожувчанка, Виталиа и Макпрогрес.

За новогодишната забава беа подготвени вкупно 30 новогодишни пакетчиња за децата на клиентите на Здружението ЕСЕ.

На нашите поддржувачи и соработници им изразуваме голема благодарност на разбирањето и поддршката во организирање на Новогодишната забава,

Новогодишната забава е дел од Програмата за работа на ЕСЕ за 2016 година.

Повеќе...

Владата ги намалува средствата за рано откривање на рак на грло на матка во период кога се бележи зголемена смртност од ова заболување

Информација за медиуми

„Владата ги намалува средствата за рано откривање на рак на грло на матка во период кога се бележи зголемена смртност од ова заболување“

Во Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2017 година усвоена од Владата на Р. Македонија (објавена во Службен весник на РМ број 192/2016) буџетот за Програмата за организиран скрининг на карцином на грло на матка е намален за 2.950.000 денари во споредба со Програмата за 2016 година. Ова намалување се должи на намалениот предвиден опфат на жени со оваа Програма во 2017, за разлика со Програмата во 2016 година. Имено со Програмата за 2017 година се предвидува намалување на бројот на жени кои ќе бидат поканети на организиран скрининг за 15.000 жени (од 35.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година), потоа намалување на бројот на жени на кои ќе им биде направен ПАП тест за 10.000 жени (од 30.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година). Исто така се намалува и предвидениот број на бесплатни цитолошки анализи на земените ПАП тестови за 10.000 (од 30.000 анализи во 2016 на 20.000 анализи во 2017 година). Предвидениот опфат на жени е помал од 5% од целната популација на жени.

Во 2015 година со Програмата за рано откривање на ракот на грлото на матката биле опфатени 29.887 жени (извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија), што значи дека Владата во 2017 година планира со скрининг да опфати 10.000 жени помалку од постигнатиот опфат во 2015 година.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар