Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА ЕСЕ

 

СОБРАНИЕ

Собранието е највисок орган кој ја утврдува генералната политика и стратешки определби на ЕСЕ. Тоа е составено од индивидуални и почесни членови на ЕСЕ. Собранието работи на седници и заседава најмалку еднаш во текот на календарската година. Собранието работи ако на  седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на членови и одлучува со мнозинство на присутните членови, освен ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.

 

ИЗВРШЕН ОДБОР

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието. Составен е од пет члена, кои имаат мандат од 4 години со право на повторен избор. Членовите на ИО ги избира Собранието со мнозинство од вкупниот број на членови. Извршниот одбор ги извршува и одлучува за активностите кои ги утврдува Собранието со генералната политика и стратешки определби на ЕСЕ, ја одобрува организациската структура на ЕСЕ, одлучува за средствата, изменува извршен директор и др.  Извршниот одбор работи во согласност со Деловникот за работа и се состанува двапати годишно или почесто, доколку е потребно.

Повеќе... 

 

ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Извршната канцеларија ги извршува задачите и должностите предвидени со генералната политика, стратешки определби и годишните програми и финансиски планови на ЕСЕ. Организацијата и работата на извршната канцеларија се уредува со акти кои ги донесува Извршниот одбор. Со Извршната канцеларија раководи извршниот директор и двајца заменици на извршниот директор за програмско и финансиско работење. Извршниот директор го застапува и претставува здружението и за својата работа одговара пред Извршниот одбор.

 

Членови на извршната канцеларија


Јасминка Фришчиќ

Извршна директорка

Јасминка, од 1996 година е дел од тимот на ЕСЕ. Јасминка е на позицијата извршен директор на ЕСЕ од 1998 година, каде претходно работеше како координатор на правната програма. Дипломираше на правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и во моментот е на последипломски студии во областа на Развој на граѓанското општество на Универзитетот на Југоисточна Европа. Како извршна директорка на ЕСЕ, Јасминка работи во повеќе области, како: промоција на женските човекови права и концептот на родова еднаквост; промоција на концептот на мониторинг и анализа на буџети на национално и локално ниво; анализа и следење на степенот на спроведување на меѓународните документи за правата на човекот; промоција на човекови права во здравствената заштита; промоција и развој на правни, параправни и други видови на услуги за заштита на правото на здравје, особено правото на здравје на Ромите и др.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295


Д-р Борјан Павловски

Координатор за Јавно здравје и Женско здравје

Борјан, од 2004 година е дел од тимот на ЕСЕ. Ги координира активностите поврзани со јавно здравје и здравје на жените. Дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје на отсек општа медицина и во моментот е на последипломски студии во областа на јавното здравство на истиот факултет. Заврши меѓународен последипломски курс за управување на здравствени системи и борба против сиромаштијата – социјални и здравствени методологии за развој. Има претходно работно искуство како асистент и координатор на програми во областа на здравството. Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи на промоција и застапување за: унапредување на женското здравје и здравјето на маргинализираните заедници, со фокус на Ромите; унапредување на пристапот до здравствените услуги на жените и маргинализираните лица, со фокус на Ромите; остварување правата од областа на здравството и човековите права воопшто за жените и маргинализираните групи; унапредување на буџетската транспарентност на здравствените институции и зголемување на нивната ефикасност во спроведување на мерки за превентивна здравствена заштита и користење на средствата од буџетите на национално и локално ниво.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 102


М-р Дарко Антиќ

Координатор за Мониторинг и анализа на буџети

Дарко, од 2011 година е дел од тимот на ЕСЕ. Ги координира активностите поврзани со мониторинг и анализа на буџети. Магистрираше на  Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје на отсек финансии и финансово право на тема “Правни аспекти на финансирање на јавен долг од домашни извори во РМ”, а дипломираше на  Економскиот Факултет во Скопје на отсек финансиски менаџмент на тема “Анализа на степенот на доверба на населението во банкарскиот сектор на РМ”. Има претходно работно искуство во областа на финансиите. Денес, како дел од тимот на ЕСЕ, Дарко работи на промовирање и застапување за: потребата од креирање на јавни буџети кои ќе овозможат подеднакво задоволување на потребите на сите граѓани; планирање и користење на средствата во буџетите преку почитување на принципите на ефикасност, ефективност, економичност и транспарентност; финансиски транспарентна и отчетна државна администрација; партиципативни и отворени буџетски процеси;  доследно спроведување на здравствените политики и програми итн.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 102


Стојан Мишев

Координатор за Мониторинг на човекови права и Обезбедување на правна и психолошка помош

Стојан, од 2003 година е дел од тимот на ЕСЕ. Дипломираше правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” од Скопје и во моментот е на последипломски студии на истиот факултет во отсекот казнено право. Во периодот 2010-2012 работеше во Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ на примената на пристапот заснован на човекови права во процесите на донесување на одлуки и развивање на стратегии за намалување на сиромаштијата и социјално вклучување на ранливи групи на граѓани на локално ниво.  Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи на промоција и застапување за: унапредување на женските човекови права и родова еднаквост; унапредување на положбата на жените жртви на семејно насилство и системите за нивна заштита; анализа и следење на степенот на спроведување на меѓународните документи за правата на човекот; промоција и развој на правни, параправни и други видови на услуги за заштита на правото на здравје, особено правото на здравје на Ромите и др.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295


Јане Велески

Асистент за администрација,  финансии и логистика

Јане, од 2000 година е дел од тимот на ЕСЕ. Работи како Асистент за административно – финансиско работење и логистика. Како дел од тимот на ЕСЕ, е одговорен за спроведување на административните и финансиските активности на организацијата; комуникација со банки, институции и донатори; обезбедување на нормално секојдневно функционирање на организацијата; системско одржување; дизајн и ажурирање на интернет страниците на организацијата и дизајн и подготовка на материјали.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 


Делфина Тодоровска

Асистент за обезбедување на правна и психолошка помош

Делфина, од 2017 година е дел од тимот на ЕСЕ. Работи како асистент во Центарот за правна помош и Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство. Дипломираше правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” од Скопје. Денес, како дел од тимот на ЕСЕ, работи на: унапредување на мерките за заштита на жените жртви на семејно насилство и дискриминација врз основа на род; олеснување на пристапот на ранливите категории на жени до основните мерки за заштита од насилство и дискриминација, како и обезбедување на правна помош и поддршка на жени жртви на семејно насилство и други ранливи категории на жени.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3117 866