Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА ЕСЕ

Извршен одбор на ЕСЕ

Седми состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2022-2026)

Горан Мојановски
Марија Тодоровска
Цена Чаловска
Сеад Исмаил
Михајло Костовски

 

Горан Мојаноски 

Роден е 1989 година. По професија е економист. Во 2012 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а пак во 2017 година магистрирал на истиот факултет во областа на статистички методи за бизнис и економија. Денес, Горан е докторант на Економскиот факултет во Скопје. Во моментот работи како соработник во Министерството за финансии. Професионалната кариера ја започнал на Економскиот факултет каде предавал Статистика за бизнис и економија на студентите од прва година. Работел и како раководител на претприемачки проект во граѓанската организација  Summer Work and Travel Alumni Macedonia  кој резултираше во реализација на македонска локална фриленс платформа (2014 - 2015 година). Во периодот од 2015 до 2018 година, работи како проектен координатор во Здружението на млади истражувачи и аналитичари, каде што истражува актуелни прашања од областа на Директните странски инвестиции и нивното влијание врз македонската економија, и прашања од областа на Инфраструктурниот развој и техничко технолошката опременост на основните училишта во Македонија. Покрај формалното образование поседува низа на сертификати за професионална надоградба, како и посетувал обуки за стекнување на квалификации од областа на советување за инвестирање, начин  на говорење и јавно говорење, подготовка на бизнис план, менторство и прибирање на средства.

Марија Тодоровска 

Марија  има дипломирано на Економскиот факултет и магистрирано социјална работа и социјална политика во 2014 на тема од областа трудова експлоатација, идентификација и заштита на тргуваните лица.   Таа е една од основачките на здружението Отворена порта и професионално е ангажирана од 2000 година. Првенствено е вклучена во превенција и едукација за човековите права и спречување на трговија со луѓе. Од 2010 година е програмска директорка, одговорна за координација, следење,  соработка и развој на  програмите на здружението за  застапување и лобирање, превенција, едукација и директна поддршка на жртвите на трговија со луѓе. Активно  е вклучена во работата на  Ла Страда - Европската мрежата против трговија со луѓе,  а во периодот  од 2014 до 2018 година е член и на управниот одбор. Марија учествува и во работата на Секретаријатот на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе,  Националната подгрупа за спречување на трговија со деца  како и други работни тела за градење на стратегии, акциски планови и законски решенија.  Таа e автор и коавтор на повеќе публикации, консултант, национален експерт и обучувач на теми од областа на заштитата и промовирањето на правата на тргуваните лица.

Цена Чаловска

Родена 1962 година. По професија е дипломиран педагог. Својата професионална кариера ја започнува во 1988 година кога се вработува во Министерството за внатрешни работи како инспектор по малолетничка деликвенција и социопатолошки појави.  Од 1995 година активно е вклучена во невладиниот сектор на полето на заштита на децата жртви и жените жртви на семејно насилство.  Како претставник на Министерството за внатрешни работи и активист во невладиниот сектор, учествувала на голем број обуки, работилници и семинари за прeвенција од семејно насилство и заштита на жените жртви од семејно насилство. Учествувала како члени претседател во голем број работни групи за подготовка и спроведување на стратегии, предлог-закони, протоколи и правилници за заштита на жртвите од семејно насилство на национално ниво од 2008 до 2020 година. Била вклучена во едукација на полициските службеници од секторите за внатрешни работи и посетителите на АСЈО – Павел Шатев,Скопје по однос на постапувањето по случаите на семејно насилство.

Сеад Исмаил

Роден во 1980 година. Завршил восоко образование на Факултетот за туризам и угостителство при Битолскиот универзитет. Долгодишен застапник на правата на ромската заедница во Шуто Оризари, преку неговиот работен ангажман во ЕЛС, како и придонес во работата на граѓанскиот сектор во општината. Од 2009 година е Претседател на Советот и член на работните групи во составот на општината. Сеад е долгогодишен активист на Црвениот Крст, а од 2020 година активно придонесува за развојот и работата на Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, како Претседател и член на Управниот одбор на организацијата.

Михајло Костовски

М-р Михајло Костовски, консултантза заштита на човековите права од областа на здравствено и социјално осигурување, со главен фокус на заштита на претставниците на маргинализираните групи на Роми, на лицата со попреченост, деца и стари лица, на лицата кои се наоѓаат во казнено-поправните установи и други. Има магистратура по Европско социјално осигурување на Правниот факултет на престижниот „Katholieke University - Leuven“ во Белгија. Има завршено Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај формалното образование поседува повеќе сертификати за професионална надоградба.Во својата работна кариера има работено како Помошник директор на Фондот на здравствено осигурување, Државен советник за меѓународна соработка и евроинтеграции, Советник за водење на второстепена постапка во Министерството за здравство и друго. Има работено на многу значајни национални и меѓународни проекти. Долгогодишен активен член на државната делегација за преговори за склучување на меѓународни билатерални договори за здравствено осигурување со други земјиитн. Учествувал во подготовка на повеќе стратешки документи на државата (национални стратегии, акциски планови, протоколи, извештаи, евалуација на проекти и сл.) од областа во која дава консултантски услуги. Соработува со повеќе невладини организации од областа на својата специјалност и е долгогодишен обучувач за основните познавања на правата од здравственото осигурување и здравствената заштита, особено во обука на параправници-медијатори од редовите на ромската заедница. 

 


Шести состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2018-2022)

Проф. д-р Елена Ќосевска - Претседателка на Извршниот Одбор
Кемал Исмаил - Заменик претседател на Извршниот Одбор
Дивна Змејковска
Наташа Бошкова
Горан Мојаноски
Марија Тодоровска

 


 

Петти состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2014-2018)

Проф. д-р Елена Ќосевска - Претседателка на Извршниот Одбор
Кемал Исмаил - Заменик претседател на Извршниот Одбор
Дивна Змејковска
Наташа Бошкова
Асс. д-р. Блашко Касапинов

 


 

Четврт состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2009-2013)


Марија Савовска
Љатиф Исмаили
Билјана Герасимовска - Китановска
Доц. д-р Елена Ќосевска
Сарита Јашарова
Жарко Хаџи-Зафиров
Роза Топузова Каревска

 



Трет состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2005-2009)


Тања Темелковска - Миленковиќ - претседателка
Марија Савовска - заменик претседателка
Љубинка Басотова
Стојан Михов
Весна Џутеска Бишева
Љатиф Исмаили
Билјана Герасимовска-Китановска

 


 

Втор состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2001-2005)


Татијана Темелкоска Миленковиќ
Љубинка Басотова
Стојан Михов
Афродита Шаља
Димитринка Јорданова – Пешевска
Душко Миновски
Марија Кишман Христовска
Мерита Мехмети
Сафије Деари

 


 

Прв состав на Извршен одбор на ЕСЕ (1997-2001)


Афродита Шаља
Димитринка Јорданова –Пешевска
Душко Миновски
Марија Кишман
Мерита Мехмети
Сафије Деари

Претседателот го претставува и застапува Здружението.
Билјана Герасимовска Китановска, магистер, специјалист по интерна медицина во во периодот од 1995 до 2005 година jа извршуваше функцијата претседателка на ЕСЕ.