Здравствениот информативен центар има за цел да обезбеди еднакво достапна и бесплатна здравствена информација на сите жени без оглед на нивната возраст, финансиска состојба и етничка припадност.
Здравствениот информативен центар е отворен за да Ве посоветува, да Ве насочи, да Ве упати и заедно со Вас да ги совлада Вашите проблеми.
Центарот нуди бесплатна квалитетна здравствена информација и поддршка за проблемите кои Ве загрижуваат, како што се:
· менопауза;
· контрацепција;
· остеопороза;
· сексуално преносливи инфекции
· совети за млади.
Центарот исто така бесплатно нуди:
· брзи тестови за одредување на шеќер, холестерол и триглицериди во крвта;
· мерење на крвниот притисок.
Основен принцип на работа на Здравствениот информативен центар е почитување на Вашето право на доверливост на изнесените информации.
Центарот периодично организира кампањи за одредени здравствени проблеми на жените.
Здравствен информативен центар – ЕСЕ : 02 3298 713