Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Учество на Здружение ЕСЕ на годишниот состанок на АСТРА мрежата

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените од Здружение ЕСЕ учествуваше на годишниот состанок на АСТРА Мрежата, кој се одржа во периодот од 27 – 28 мај 2024 година во Варшава, Р. Полска. На работниот состанок беше редефинирана мисијата на АСТРА мрежата и главните цели на мрежата, и беа дефинирани стратешките приоритети на АСТРА за наредниот период. Воедно беше подготвен нацрт акционен план за работата на мрежата во идниот период, вклучувајќи идентификување на можности за унапредување на работата, зголемена видливост на мрежата, зголемување на бројот на членови во мрежата, утврдување на можности за зголемена одржливост на мрежата како и на организациите членки на мрежата. АСТРА е мрежа на организации, која обединува организации кои работат на полето на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на жените, девојките и мажите во Источна, Централна и Југоисточна Европа како и во Централна Азија.

Повеќе...

Webinar „Childhood Stolen: Addressing the Impact of Early Marriages and Gender-Based Violence on Children"

Придружете ни се на Вебинарот на КОПАСАХ Европа на кој ќе дискутираме како организациите од регионот ги адресираат проблемите на 1. Рани и договорени бракови и 2. Родово базирано насилство и нивното влијание врз добросостојбата на децата.
Ќе имате можност да слушнете што превземаат организациите и на кои начини бараат отчетност од јавните институции за надминување на овие проблеми во Црна Гора, С. Македонија, Албанија и Романија.
 
 

Заедничко писмо по однос на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето на Обединетите Нации

Здружението ЕСЕ го поддржа „Заедничкото писмо по однос на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето на Обединетите Нации“ (Joint letter on the cancellation of the May pre-session of the UN Committee on the Rights of the Child) упатено до постојаните мисии на Обединетите Нации во Женева и Њујорк. Писмото е подготвено како реакција на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето поради кризата на ликвидноста на Обединетите Нации, што претставува сериозен преседан кој има негативно влијание врз можноста на Комитетот да ја врши неговата суштинска работа на мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во земјите членки на ОН. Воедно откажувањето на предсесијата ја оневозможува интеракцијата на Комитетот со граѓанските организации и децата со цел мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата.

Повеќе...

Конференција „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“

Претставници на ЕСЕ учествуваа на тридневна конференција во Белград, Србија, насловена „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“. Конференцијата е дел од регионалниот проект на УСАИД, насловен МОМЕНТУМ – Трансформација и правичност на рутинската имунизација, кој се спроведуваше во С. Македонија, Србија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Здружението ЕСЕ го спроведуваше проектот во С. Македонија од  јуни 2023 година, со главна цел за унапредување на здравите животни стилови и редовната вакцинација на возрасното население, односно, помеѓу лицата над 45 години со хронични заболувања. Конференцијата имаше за цел да се разменат искуствата од спроведувањето на проектот во С. Македонија, Србија и Молдавија, фокусирајќи се на направените адаптации на проектните активности, согласно на потребите во секоја држава, клучните успеси на проектот во секоја земја, како и предизвиците со кои се соочија организациите при имплементацијата на проектот.

Повеќе...

Обезбедивме директна поддршка за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените што претрпеле семејно насилство

Во месец март им помогнавме на 19 жени кои претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП). За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки кои се водат пред надлежните институции. Организирани беа 41 индивидуални средби со адвокат и подготвени  вкупно 21 писмен поднесок во постапките за развод на брак (6), старателство (4), издршка (3),  кривични предмети (3), имотни односи (2) и  остварување права од социјална заштита (3).  За шест жени беше обезбедено психолошко советување од стручно лице психолог.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар