Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Застапувавме на регионално ниво за подобрување на состојбите со родовата еднаквост и пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство

На 27ми февруари, 2024 година ЕСЕ учествуваше на регионална он-лајн средба организирана од страна на Шведската фондација Квина тил Квина, како дел од нивната регионална програма за поддршка на ГОи кои работат во областа на родовата еднаквост. Целта овозможи размена на искуства помеѓу организациите и утврдување на можности за заедничко застапување во рамките на процесот на пристапување кон ЕУ.   

COPASAH Europe – Информатор (Второ издание)

Во февруари 2024 година, ЕСЕ како регионален координатор на активностите на COPASAH Europe мрежата, го подготви и објави второто издание на информаторот на мрежата преку кој се информира јавноста за целите и работата на мрежата и нејзините членови. Информаторот дава осврт на мисијата, визијата, структурата и работат ана COPASAH Europe во 2023 година и дава осврт на работата и постигнувањата на пет членки на мрежата што работат во Северна Македонија, Црна Гора, Романија и Албанија.

Прочитај повеќе на следниот линк: https://copasaheurope.org/wp-content/uploads/2024/02/COPASAH-Newsletter-No.2.pdf

Повеќе...

Одржана десеттата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

Како ко-претседавач на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, на 22 февруари 2024 година ЕСЕ учествуваше на десеттата седница на Советот. На оваа седница активно учество земаа 8 членови и 2 заменици членови на Советот за ПОВ (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации).

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, беше отворена дискусија за апликацијата на Општина Кисела Вода за иницијативата Партнерство за отворена власт на локално ниво (ПОВ Локал), поддржана од младинската организација КРИК и Меѓународниот републикански институт, а за која Советот за ПОВ требаше да се произнесе дали постои ризик за угледот на ПОВ за кој ПОВ Локал треба да е информиран при разгледување на апликацијата на Општина Кисела Вода. Под ризик се подразбира дали апликантот постапил спротивно на Декларацијата за отворена влада во однос на сериозни прекршувања на интегритетот, потиснување на граѓанското учество или недостиг на отвореност и транспарентност.

Повеќе...

Учествуваме во работната група за подготовка на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје

На покана од страна на Министерството за здравство, претставник од Здружение ЕСЕ се вклучи воработната група за подготовка на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. Првата средба на работната група беше одржана на 07.02.2024 година, на која беа договорени клучните цели и теми на стратегијата, како и форматот за подготовка на истата. По оваа средба претставник од ЕСЕ активно се вклучи во подготовка на активности во следните области од стратегијата: безбедно мајчинство, планирање на семејството и рана детекција на малигни заболувања. Втората работна средба на работната група се одржа на 22.03.2024 година, на која беа разгледани подготвените активности по области и беа договорени следните чекори во процесот на подготовка.

Менторска средба за унапредување на работата на ПОГОН

На 21 февруари, 2024 година со поддршка од UN Women Europe and Asia Regional Office, а во рамки на четвртата фаза од проектот EXPO 2023, ЕСЕ учествуваше на менторска средба со Dea Viinikainen, основач и управител на Findolainen Business Hub. Предмет на дискусија на средбата беше работата и предизвиците со кои се соочува ПОГОН и  можностите и потребите за равој на ПОГОН во насока на остварување на визијата и мисијата.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар