Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Усвоен шестиот по ред Национален Акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Владата на Република Северна Македонија на 7-та седница одржана на 27 февруари, 2024 година ја разгледа и усвои Информацијата за Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт со Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и го разгледа и прифати Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Новиот акциски план во делот Отворена влада содржи 15 заложби и 57 достигнувања распределени во пет приоритетни области и тоа: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени. Освен делот за Отворена влада, овој акциски план содржи и посебни делови за Отворен парламент и Отворено судство, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебна власт во Република Северна Македонија.

Повеќе...

Обезбедивме директна поддршка за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените што претрпеле семејно насилство

Во месец февруари им помогнавме на 18 лица, воглавно жени што претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП). За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки кои се водат пред надлежните институции. Организирани беа 38 индивидуални средби со адвокат и три телефонски разговори со жени кои живеат надвор од Скопје. Подготвивме  вкупно 18 писмени поднесоци во постапките пред ЦСР за   уредување или промена на видувањата на децата со таткото (9),  развод на брак (4), и остварување права од социјална заштита (5). За една од корисничките обезбедивме судско застапување во постапките пред основните судови. На осум жени беше обезбедено психолошко советување од стручно лице психолог. 

Повеќе...

На предлог на ЕСЕ, Владата на РСМ се заложи да спроведе четири мерки што ќе значат унапредување на граѓанското учество, пристап до правда и градење на капацитетите на јавните службеници

Владата на РСМ на 27 февруари, 2024 година го усвои Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и со тоа се заложи дека заедно со ЕСЕ ќе работи на спроведување на четири мерки што треба да придонесат кон: унапредување на граѓанското учество во областа на вработувањето; унапредување на граѓанското учество во областа на заштита на животната средина; капацитетите на јавните службеници за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки, спречување на корупција, пристап до информации, итн.; и пристап до правда за жените што претрпеле семејно насилство.

Усвоениот акциски план можете да го погледнете на следниот линк:

https://ovp.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/6.-НОВО-Предлог-НАП-ПОВ-2024-2026-за-Влада.pdf

Повеќе...

Подготвивме план за застапување во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“

Проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ се спроведува во партнерство помеѓу граѓанските организации ХЕРА, Здружение ЕСЕ, Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари. Во месец февруари 2024 година партнерските организации подготвија годишен план за застапување. Здружение ЕСЕ подготви активности за застапување во насока на унапредување на опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, како и за унапредување на подготовката и спроведувањето на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата.

Помагаме во спроведување на анкетно истражување помеѓу население во рамки на проектот на СИГА, ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment"

Координаторот на програмата за јавно здравје на Здружение ЕСЕ е вклучен во имплементацијата на проектот ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment" што се спроведува од страна на СИГА, а е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.  Во рамките на овој проект координаторот од ЕСЕ е ангажиран како ментор на граѓански активистки од општина Пробиштип, кои треба да спроведат активности во заедницата со цел унапредување на опфатот на жените од општината со услугите од патронажната служба. Во таа насока подготвивме прашалници за жени со цел да се процени опфатот и квалитетот на услугите од страна на патронажната служба. Потоа на 29.02.2024 година од страна на координаторот на ЕСЕ беше спроведена онлајн обука за граѓанските активистки од Пробиштип за спроведување на теренско анкетирање помеѓу жените во општината.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар