Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за ангажирање на два обучувачи за спроведување на обуки за здравствени работници

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ објавува јавен повик за ангажирање на 2 (два) обучувачи за спроведување на 3 (три) КМЕ обуки за обучувачи наменети за здравствени работници. Обуките се спроведуваат за потребите на програмата на United States Agency for International Development (“USAID”) MOMENTUM Routine Immunization Transformation and Equity Project (M-RITE). Обуките ќе се спроведат во Прилеп, Куманово и Струмица, односно по една обука во секое од овие населени места, при што на секоја обука е предвидено да учествуваат 14 здравствени работници од горенадевените региони.

Главна цел на програмата е да се унапреди достапноста, еднаквоста, правичноста и спроведувањето  на безбедна и ефективна вакцинација против КОВИД-19, преку зголемување на побарувањето и зголемување на опфатот на приоритетните групи од населението со вакцинација против КОВИД-19 во Република Северна Македонија.

Повеќе...

Работилници за изработка на накит

На 25 и 26 мај, 2023 година, одржавме уште две работилници за изработка на накит од епоксидна смола во кои се склучија најмалку 5 жени кои користеле услуги во Центарот за правна помош на ЕСЕ. Овие работилници претставуваат продолжување на процесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН кој започна во април за време на Социјалниот камп “ПОГОН” во Крушево и продолжи на 18 и 19 мај.

За време на работилниците, жените работеа на изработка на финални продукти на накит од епоксидна смола.

Повеќе...

Почеток на процесот на создавање на накит „POGON”

На 18 и 19 мај, 2023 година, одржавме две работилници за изработка на накит од епоксидна смола во кои се склучија најмалку 5 жени кои користеле услуги во Центарот за правна помош на ЕСЕ. Овие работилници претставуваат продолжување на порцесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН кој започна во април за време на Социјалниот камп “ПОГОН” во Крушево.

За време на работилниците, жените имаа можност да се запознаат со техниката за изработка на накит од епоксидна смола, и да започнат со моделирање/изработка на веќе договорениот дизајн на производи.

Повеќе...

Петиција „Ромите и граѓаните бараат функционална Поликлиника во Шуто Оризари“!

Преку петицијата граѓаните бараат во Поликлиниката во Шуто Оризари да бидат обезбедени:

- Пункт за итна медицинска помош.

- Дополнителни две ординации со матични лекари.

-Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија.

- Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика).

- Зголемен број на патронажни сестри.

- Опремување на Дежурната служба

Ве повикуваме да ги подржите барањата со што ќе придонесете кон поквалитетна здравствена заштита на населението во Шуто Оризари, преку потпишување на електронската петиција на следниот линк https://chng.it/LPpyWwHKcY

Повеќе...

Обука за изучување на техники за шиење и кроење

ЕСЕ на пет жени/девојки им обезбеди можност за изучување на техники за шиење и кроење! 

Очекувајте нешто ново на Погон.

Во меѓувреме посетете ја страницата www.pogon.mk и купете го Вашиот омилен производ.

Обуките се спроведуваат во рамки на проектот Погон - уникатна платформа поддржани преку прокеот #LeaveNoOneBehind CeProSARD.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар