Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата ги намалува превентивните активности во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во период кога се бележи пораст на новороденечката и доенечката смртност во Р. Македонија

Информација за медиуми

„Владата ги намалува средствата за рано откривање на рак на грло на матка во период кога се бележи зголемена смртност од ова заболување“

Во Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2017 година усвоена од Владата на Р. Македонија (објавена во Службен весник на РМ број 192/2016) буџетот за Програмата за организиран скрининг на карцином на грло на матка е намален за 2.950.000 денари во споредба со Програмата за 2016 година. Ова намалување се должи на намалениот предвиден опфат на жени со оваа Програма во 2017, за разлика со Програмата во 2016 година. Имено со Програмата за 2017 година се предвидува намалување на бројот на жени кои ќе бидат поканети на организиран скрининг за 15.000 жени (од 35.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година), потоа намалување на бројот на жени на кои ќе им биде направенПАП тест за 10.000 жени (од 30.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година). Исто така се намалува и предвидениот број на бесплатни цитолошки анализи на земените ПАП тестови за 10.000 (од 30.000 анализи во 2016 на 20.000 анализи во 2017 година). Предвидениот опфат на жени е помал од 5% од целната популација на жени.

Во 2015 година со Програмата за рано откривање на ракот на грлото на матката биле опфатени 29.887 жени (извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија), што значи дека Владата во 2017 година планира со скрининг да опфати 10.000 жени помалку од постигнатиот опфат во 2015 година.

Повеќе...

Проект на CNV International за заштита на права од работен однос – Средба на клучни засегнати страни

На ден 25.11.2016 година во хотел Бест Вестерн во Скопје, во рамките на Проектот на CNV International за заштита на правата од работен однос се одржа средба на која присуствуваа судии, претставници на синдикални организации и стручни лица во областа на работните односи.

Основна цел на средбата беше да се презентираат главните наоди од набљудувањето на граѓански судски постапки поврзани со повреда на правата од работен однос, дискриминација и вознемирување на работно место, за периодот 2014, 2015 и 2016 година, кое беше спроведено во следните судови: Основен суд Скопје 2, Основен суд Штип, Основен суд Радовиш, Основен суд Тетово и Основен суд Гостивар, како и да се дефинираат препораки за унапредување на законската рамка за заштита на овие права.

Од особено значење е тоа што за време на средба од страна на присутните беа предочени конкретни препораки за унапредување на судското постапување во предметите од ваков вид, како и препораки во однос на потребните измени и дополнувања на националната законска рамка за заштита на правата од работен однос.

Повеќе...

Проект на УСАИД за правна заштита на жените – Работилница за стратешко застапување

На ден 24.11.2016 година во хотел Бест Вестерн во Скопје, во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените, Здружението ЕСЕ организираше Работилница за стратешко застапување, на која присуствуваа претставници на 10 граѓански организации. Основна цел на работилницата беше да се разгледаат веќе утврдените случаи на прекршување на женски човекови права и можностите за понатамошно правно застапување.

Работилницата следеше по спроведената Обука на граѓански организации за  користењето на меѓународни и регионални стандарди и механизми за заштита на женски човекови права, која се одржа во периодот од 21-23 јуни 2016 година и на која првично беа утврдени случаите на прекршување на женски човекови права.

Проектот на УСАИД за правна заштита на жените го спроведува Здружението ЕСЕ во партнерство со Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Отворена Порта (ЛА СТРАДА), кој има за цел да обезбеди соодветна правна заштита на жените жртви на дискриминација и насилство, односно подобрување на судското постапување во предметите поврзани со насилство и дискриминација врз жените преку мониторирање на судски случаи во основни судови, унапредување на законската рамка во однос на заштитата на жртвите на насилство и дискриминација и унапредување на работењето на граѓанските организации кои обезбедуваат правна помош на жените жртви на насилство и дискриминација.

Повеќе...

Проект на УСАИД за правна заштита на жените – Форум на судии

На ден 02.11.2016 година во хотел Солун во Скопје, во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените, се организираше форум за судии. На форумот присуствуваа судии кои постапуваат во граѓански и кривични предмети поврзани со насилство врз жените  од следните основни судови: Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Основен суд Гостивар, Основен суд Штип, Основен суд Велес, Основен суд Тетово, Основен суд Радовиш.

Основна цел беше да се презентираат главните наоди од набљудувањето на граѓански и кривични судски постапки поврзани со насилство врз жените[1] за периодот март 2015 до октомври 2016, како и да се дефинираат препораки за унапредување на законската рамка за заштита на жените жртви на насилство.

Повеќе...

Работилница за буџетско застапување и примена на методологијата за мониторинг и анализа на буџети на програмите за намалување на штети од користење на дроги

Целта на работилницата беше граѓанските организации кои работат на програмите за намалување на штети од регионот на Југо-источна и Централна Европа, да се запознаат со методологијата на мониторинг и анализа на буџети со цел истата да ја применат во својата работа за обезбедување на одржливост на овие програми по завршувањето на финансирањето на истите од страна на Глобалниот фонд. На работилницата учествуваа двајца претставници од Здружение ЕСЕ, при што од страна на ЕСЕ беше претставен теоретскиот концепт за примена на методологијата на мониторинг и анализа на буџети и застапување базирано на истата, а воедно беа споделени искуствата од работата на ЕСЕ на ова поле.  Работилницата се одржа од 23 до 25 октомври, 2016 година во Будимпешта и на истата присуствуваа 32 претставници на граѓански организации кои работат на намалување на штети од користење на дроги и превенција од ХИВ од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Романија, Литванија и Украина. Обуката беше организирана и поддржана од Евроазиската мрежа за намалување на штети, Фондациите Отворено Општество од Њујорк и Европската Унија.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар