Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата ги намалува превентивните активности во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во период кога се бележи пораст на новороденечката и доенечката смртност во Р. Македонија

Информација за медиуми

„Владата ги намалува средствата за рано откривање на рак на грло на матка во период кога се бележи зголемена смртност од ова заболување“

Во Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2017 година усвоена од Владата на Р. Македонија (објавена во Службен весник на РМ број 192/2016) буџетот за Програмата за организиран скрининг на карцином на грло на матка е намален за 2.950.000 денари во споредба со Програмата за 2016 година. Ова намалување се должи на намалениот предвиден опфат на жени со оваа Програма во 2017, за разлика со Програмата во 2016 година. Имено со Програмата за 2017 година се предвидува намалување на бројот на жени кои ќе бидат поканети на организиран скрининг за 15.000 жени (од 35.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година), потоа намалување на бројот на жени на кои ќе им биде направенПАП тест за 10.000 жени (од 30.000 жени во 2016 на 20.000 жени во 2017 година). Исто така се намалува и предвидениот број на бесплатни цитолошки анализи на земените ПАП тестови за 10.000 (од 30.000 анализи во 2016 на 20.000 анализи во 2017 година). Предвидениот опфат на жени е помал од 5% од целната популација на жени.

Во 2015 година со Програмата за рано откривање на ракот на грлото на матката биле опфатени 29.887 жени (извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија), што значи дека Владата во 2017 година планира со скрининг да опфати 10.000 жени помалку од постигнатиот опфат во 2015 година.

Организираниот скрининг на рак на грло на матка игра клучна улога во  намалувањето на смртноста од ова заболување. Намалувањето на средствата и планираниот опфат на жени со Програмата ќе води кон зголемена смртност од ова заболување. Особено мора да се има во предвид податокот дека смртноста од ракот на грлото на матката во Р. Македонија бележи пораст во периодот од 2011 до 2014 година. Имено во 2011 година стапката на смртноста изнесува 1,5 на 100.000 жени, додека во 2014 изнесува 4,1 на 100.000 жени (Извор: Државен завод за статистика).

Поради тоа бараме од Министерството за здравство и Владата на Р. Македонија да го зголемат планираниот опфат на жени со Програмата за скрининг на рак на грло на матка за 2017 на најмалку 20% од целната популација на жени и да го зголемат планираниот буџет за истата програма. Р. Македонија треба да цели кон постигнување на опфат на најмалку 70% од жените на возраст од 24 до 60 години во наредните пет години со оваа Програма.

За повеќе информации во однос на детектираните проблеми и конкретните предлог мерки за унапредување на спроведување на Програмите за скрининг можете да најдете во документите на Здружение ЕСЕ[1] кои Ви ги испраќаме во прилог.

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2017 година

Лице за контакт:

Борјан Павловски

Координатор на програма Јавно здравје и здравје на жените

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ

ул. Максим Горки  20/1-4,  1000  Скопје,  Република Македонија

тел:   (0) 2  3298 713

         (0) 2  3298 295 / лок. 102

Моб: 070 268 714



[1] Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ повеќе од 20 години работи на полето на унапредување на здравјето и здравствената заштита на жените во Р. Македонија, со посебен фокус на ранливите категории на жени.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар