Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Проект на УСАИД за правна заштита на жените – Работилница за стратешко застапување

На ден 24.11.2016 година во хотел Бест Вестерн во Скопје, во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените, Здружението ЕСЕ организираше Работилница за стратешко застапување, на која присуствуваа претставници на 10 граѓански организации. Основна цел на работилницата беше да се разгледаат веќе утврдените случаи на прекршување на женски човекови права и можностите за понатамошно правно застапување.

Работилницата следеше по спроведената Обука на граѓански организации за  користењето на меѓународни и регионални стандарди и механизми за заштита на женски човекови права, која се одржа во периодот од 21-23 јуни 2016 година и на која првично беа утврдени случаите на прекршување на женски човекови права.

Проектот на УСАИД за правна заштита на жените го спроведува Здружението ЕСЕ во партнерство со Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Отворена Порта (ЛА СТРАДА), кој има за цел да обезбеди соодветна правна заштита на жените жртви на дискриминација и насилство, односно подобрување на судското постапување во предметите поврзани со насилство и дискриминација врз жените преку мониторирање на судски случаи во основни судови, унапредување на законската рамка во однос на заштитата на жртвите на насилство и дискриминација и унапредување на работењето на граѓанските организации кои обезбедуваат правна помош на жените жртви на насилство и дискриминација.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар