Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска,  во рамките за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува:

ПОВИК

За доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 40 000 eвра, од кој ќе бидат доделени 4 грантови во износ од 10 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување за родова еднаквост преку примена на методологии за социјална отчетност во областа на планирањето и спроведувањето на Програмите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) со посебен фокус на активните мерки за вработување.

Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организациите кои учествувале на двете воведни обуки организирани во рамките на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост. Првата спроведена во периодот од 04 до 06 октомви, 2017 година и втората во периодот од 16 до 18 октомври 2017 година.

Повеќе...

Обезбедување одржливост на програмите за намалување на штети од употреба на дроги со средства од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари

Средствата од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари, кои секоја година ги добива Министерството за здравство, наменети за унапредување на здравјето на граѓаните, претставуваат потенцијален извор на средства за финансирање на програмите за намалување на штети. Половина од овие средства наместо за обезбедување здравствена заштита се користат за тековни трошоци на Министерството.

Прочитајте повеќе на следниот линк (24 страна):

http://hops.org.mk/sites/default/files/mag9-final-web_0.pdf

 

Втор модул од обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост”

Во периодот од 16 до 18 октомври 2017 година во хотел Романтик, Дојран беше спроведен вториот модул од обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост” наменет за јакнење на капацитетите на 11 локални граѓански организации од Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Св. Николе, Битола, Штип и Струмица за примена на методологиите за социјална отчетност во насока на унапредување на родовата еднаквост во планирањето и имплементацијата на политиките за вработување во РМ.

Проектот го спроведуваат Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска, а е поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите. Во рамки на вториот модул претставниците на граѓанските организации беа запознаени со политиката за вработување во РМ, афирмативните мерки за вработување како дел од политиката за вработување, како и подетално со значењето и начинот на имплементација на три мерки од Оперативниот план за вработување за 2017 година (самовработување, проектот Македонија вработува 2 и услугите за вработување на АВРМ).

 

Работилница за подготовка на локален план за застапување за унапредување на здравјето на мајките и децата и унапредување на гинеколошката здравствена заштита за жените во општината Шуто Оризари

Во периодот од 12 до 13 октомври 2017 година во хотел Арка во Скопје беше одржана работилница за подготовка на локален план за застапување за унапредување на здравјето на мајките и децата и унапредување на гинеколошката здравствена заштита за жените во општината Шуто Оризари.

На работилницата учествуваа 30 учесници од партнерските организации кои работат на интегрираниот концепт (социјална отчетност и правно зајакнување) во Шуто Оризари (ИРИЗ и ЦДРИМ), како и претставници од ЕСЕ и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Работилницата се состоеше од едукативен дел и работен дел, во кој учесниците започнаа со подготовка на локалниот план за застапување.

 

Прв модул од обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост”

Обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост” се состои од два модули. Првиот модул од обука кој се одржа во периодот од 04 до 06 октомври, 2017 година во хотел Романтик, Дојран имаше за цел да ги запознае претставниците на присутните граѓански организации со методологиите кои ЕСЕ ги применува во своето работење од групата на методологии на социјална отчетност, како и да ги информира за активностите предвидени со проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” чија пак имплементација е финансиски поддржана од ЕУ. На првиот модул од обуката присуствуваа вкупно 30 претставници од 11 граѓански организации и претставници на ЕСЕ и Акција Здруженска.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар