Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Регионална обука за Мониторинг на Буџети и Застапување

Зошто е потребно застапување за соодветно финансирање на програмите за намалување на штети од користење дроги? Какви промени очекуваме да се постигнат со застапување за соодветно финансирање?

Овие прашања, а и многу други, се обидовме да ги одговориме на регионалната обука за мониторинг на буџети и застапување организирана од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Тродневната обука која се одржа од 21 до 23 декември 2017 година, во хотел Романтик во Велес, ја спроведоа претставници на ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените од Скопје.

Повеќе...

Новогодишна Забава - 14.12.2017

Новогодишната забава која ЕСЕ традиционално ја организира секоја година пред почетокот на новогодишните празници и оваа година беше реализирана на 14.12.2017 година. Со оваа активност ја потврдуваме нашата посветеност во работата со нашите клиенти, жените кои претрпеле семејно насилство, и воедно  ја продлабочуваме соработката со нашите постојани и нови пријатели и подржувачи. Донации за овогодинешната забава обезбедија: Ineer Wheel Club Skopje Europea, Н.У Театар за деца и младинци Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци  и Стопанска Банка АД Скопје.

Изразуваме огромна благодарност до донаторите, како и до сите  наши поддржувачи и соработници за поддршката во организирањето на Новогодишната забава (обезбедување на пакетчиња и билети за претстава) за децата на жените кои претрпеле семејно насилство.

Повеќе...

Информација за медиуми - 1600 граѓани од 4 општини со поддршка од ЕУ ќе ги оценуваат мерките за вработување

Денес, 14 декември 2017 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) и Здружението за унапредување на родовата еднаквост “Акција Здруженска”, склучија договори за доделување грантови со  четири граѓански организации од Струмица, Битола, Свети Николе и Тетово, во рамките на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”, финансиски поддржан од Европската Унија ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 - Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015 .

Почнувајќи од јануари 2018 година, ЕСЕ и “Акција Здруженска”; Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе; Организација на жените на општина Струмица; Здружение Женски Форум Тетово и Младинскиот Културен Центар од Битола заеднички ќе работат со граѓаните од овие општини со цел да се унапреди нивниот пристап до активните мерки за вработување на АВРМ.

Повеќе...

Средба за развивање на стратегии за застапување со цел унапредување на пристапот на мајките и децата од ромските средини до превентивни здравствени услуги

Во просториите на Здружението ЕСЕ денес, 05.12.2017 год, се одржа втората по ред средба за развивање на стратегии за застапување на локално ниво со цел унапредување на пристапот на мајките и децата од ромските средини до превентивни здравствени услуги.  Стратегиите за застапување на локално ниво предвидуваат низа на активности насочени кон локални јавни институции со цел преземање на мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат мајките и децата од Ромските средини во пристапот до услуги за превентивна здравствена заштита. Развивањето на стратегиите е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено Општество Македонија и Фондациите Отворено Општество од Њујорк и се дел од редовните активности на ЕСЕ и партнерите.

 

Одржана средба на комитетот за доделување на грантови на локални граѓански организации за спроведување на акции на локално ниво поддржани од ЕУ

Денес, 27.11.2017 год,  се одржа работната средба на комитетот за разгледување на апликации добиени од граѓански организации за доделување на грантови за спроведување на акции за унапредување на пристапот на граѓаните до активните мерки за вработување и родова еднаквост. На  средбата беа разгледувани апликации добиени од  10 граѓански организации, од кои комиетот даде позитивна оценка за поддржување на четири и тоа: ГИЖ Свети Николе, Организација на жените на општина Струмица, Женски Форум Тетово и Младински Културен Центар Битола.

Поддршката на граѓанските организации е дел од активностите на Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска поддржани од Европската Унија како дел од проектот „Социјална Отчетност за Родова Еднаквост”.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар