Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Организирање на обука за судски набљудувачи во периодот 06-07ми февруари 2018

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените -  ЕСЕ во месец октомври оваа година започна со реализација на двегодишниот проект „Патот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, односно унапредување на кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство.

Во рамките на  овој проект, во периодот 06-07 февруари 2018 година во Скопје во соработка со Коалиција Сите за правично судење организиравме обука за судски набљудувачи.  На обуката присуствуваа десет млади правници кои претходно беа селектирани со цел нивно вклучување во процесот на набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. Обуката се организираше со цел јакнење на нивните знаења и вештини, односно оспособување да вршат набљудување на тековни судски рочишта и да ги собираат потребните податоци. Учесниците на обуката се информираа за природата и карактеристиките на семејното насилство, како и со законските можности за заштита. Притоа, фокусот беше ставен на граѓанските постапки за изрекување на привремените мерки за заштита и кривичните судски постапки кои се водат против сторителите на семејно насилство. На крај на обуката набљудувачите беа запознати со прашалниците за судско набљудување и начинот на пополнување на податоците при следење на судски рочишта.

Повеќе...

Национална конференција Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Здружение ЕСЕ и Коалицијата Маргини на 31ви јануари 2018 година во Скопје организираа Национална конференција, со цел промовирање на една од Целите за одржлив развој на Обединети Нации (ОН), цел 16.3. Промовирање на владеењето на правото  на меѓународно и национално ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите.

Организирањето на конференцијата е поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија и на настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, министерствата, јавните институции и меѓународните организации кои се вклучени во имплементацијата на целите за оддржлив развој на ОН. Воведно обраќање на конференцијата имаа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Фани Каранфилова-Пановска од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) и Јасминка Фришчиќ  од Здружение ЕСЕ.

Повеќе...

Извештај кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW)

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените- ЕСЕ, го подготви и го поднесе Писмениот извештај  кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), со цел негово разгледување при подготовката на листата на прашања од страна на CEDAW Комитетот насочени кон Република Македонија.

Писмениот извештај е подготвен во соработка со организаците: Акција Здруженска, Отворена Порта/Ла Страда, Македонија и  Коалицијата „Маргини“ и истиот се однесува на степенот на имплементација на  член 2 ( Политики за родова еднаквост); член 6 (Насилство врз жени); член 11 (Вработување); член 12 (Здравство) и член 15 (Правна еднаквост).

Линк до Извештајот на англиски јазик

 

Генерално Собрание на ЕСЕ – 30.01.2018

На 30.01.2018 се одржа седница на Генералното собрание на ЕСЕ, во рамки на која беа презентирани и усвоени годишниот извештај за работењето на ЕСЕ за 2017 година и годишната програма за работа за 2018 година.

Повеќе...

Граѓаните и граѓанките на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата

Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Женскиот Форум Тетово, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби. Оваа активност е финансиски поддржана од Европската Унија.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар