Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Национална конференција Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Здружение ЕСЕ и Коалицијата Маргини на 31ви јануари 2018 година во Скопје организираа Национална конференција, со цел промовирање на една од Целите за одржлив развој на Обединети Нации (ОН), цел 16.3. Промовирање на владеењето на правото  на меѓународно и национално ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите.

Организирањето на конференцијата е поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија и на настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, министерствата, јавните институции и меѓународните организации кои се вклучени во имплементацијата на целите за оддржлив развој на ОН. Воведно обраќање на конференцијата имаа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Фани Каранфилова-Пановска од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) и Јасминка Фришчиќ  од Здружение ЕСЕ.

Конференцијата беше поделена во две сесии, при што во првата сесија свое излагање имаа претставниците на владата, јавните институции и меѓународните организации, кои презентираа што имаат преземено на ова поле и кои се следните чекори во однос на имплементирањето на целите за оддржлив развој на ОН. Во првата сесија се обратија следните говорници: Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН; Тања Стаменова, Генерален Секретеријат при Влада на Р.М.; Сања Зографска Крстевска, Министерство за надворешни работи; и Снежана Шиповиќ, Државен завод за статистика.

Во втората сесија присутните имаа можност да се информираат повеќе за работата на граѓанските организации на ова поле, односно за тоа кои се правните потреби на населението во нашата држава и на кој начин граѓанските организации им помагаат на ранливите групи за разрешување на правните проблеми. Притоа, се обратија претставниците на следните граѓански организации: Христина Василевска Димчевска, ФООМ; Ивица Цековски, ХОПС; Игор Јадровски, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија; Мелиса Мемиш, Иницијатива за развој и инклузија на заедниците (ИРИЗ); и Гоце Коцевски, Здружение на млади правници.

Коалиција Маргини и Здружение ЕСЕ ја организираа оваа национална конференција со цел промовирање на пристапот до правдата и мобилизирање на граѓанските организации и државните институции за имплементирање на цел 16.3. во нашата држава.

Линк до фотографии од конференцијата

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар