Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска,  во рамките за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува:

ПОВИК

За доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 40 000 eвра, од кој ќе бидат доделени 4 грантови во износ од 10 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување за родова еднаквост преку примена на методологии за социјална отчетност во областа на планирањето и спроведувањето на Програмите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) со посебен фокус на активните мерки за вработување.

Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организациите кои учествувале на двете воведни обуки организирани во рамките на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост. Првата спроведена во периодот од 04 до 06 октомви, 2017 година и втората во периодот од 16 до 18 октомври 2017 година.

Финансиската поддршка се доделува со цел зајакнување на  капацитетите на организациите учесници на обуката за практична примена на методологијата “Мониторинг во заедницата” во насока на оценување на  планирањето и имплементацијата на три селектирани активни мерки за вработување (самовработување, Макеоднија вработува и услугите за вработување на АВРМ) за периодот на 2017 и 2018 година; како  и преземање активности на застапување со цел унапредување на родовата еднаквост при планирањето и имплементацијата на мерките, а врз основа на собраните наоди.

Очекуваните резултати од спроведувањето на акциите се:

  • Зајакнато учество на заедницата во процесите на следење на јавните политики и процесот на донесување одлуки од областа на вработувањето;

  • Оценети  потребите на заедницата (потенцијални корисници на селектираните мерки) во однос на и за оценето нивото на исполнување на правата кои произлегуваат од јавните политики кои се предмет на работа; и

  • Унапредена транспарентност, отчетност и одговорност на целните јавни институции.

Рокот за поднесување на пријави е 20 ноември 2017 година.

1.      Опис на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“

Општата цел на проектот е да се формира национална граѓанска мрежа заради унапредување на општествената одговорност за родова еднаквост.  Најмалку шест (6) организации-членки на мрежата ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените; ќе користат ефективни методологии за оспособување на жените да ја држат владата на одговорност; и ќе се залагаат за родово-одговорно буџетирање и испорака на услуги прилагодени кон потребите на жените.

Посебните цели на проектот се:

  • Следење и оценување на ефикасноста и ефективноста на буџетските трошоци и обезбедување услуги во областа на активните мерки за вработување;

  • Подигање на капацитетите на локалните НВО и локалните заедници (жените и мажите) за примена на методологии за социјална отчетност при застапување за родова еднаквост; и

  • Подобрување на јавната видливост на прашањата за транспарентност, отчетност и одговорност при на родовото планирање и буџетирање на политиките за вработување, како и нивната имплементација.   

Од реализацијата на проектот се очекуваат следниве конкретни резултати:

  • Мапирани релевантни локални и национални институции, како и локалитети и заедници;

  • Мониторинг и анализа на најмалку две активни програми за вработување предвидени во годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување во две последователни години (2017 и 2018 г.);

  • Мониторинг во заедницата и оцена на избраните активни мерки за вработување од родова перспектива;

  • Најмалку 10 невладини организации запознаени и обучени за концептот на општествена одговорност;

  • Грантови обезбедени за најмалку 4 НВО во врска со преземање активности на застапување за родова еднаквост врз основа на собраните наоди;

  • Приближно 1600 членови на заедницата (жени и мажи) зајакнати и активно вклучени во активности на застапување;

  • Менторство обезбедено на избраните невладини организации за примена на методологијата за социјална отчетност во областа на активните мерки за вработување;

  • Организирани осум дебати за политиките (по четири годишно) со локалните чинители во секоја од избраните  локални заедници;

  • Организирани две национални конференции (по една годишно); и

  • Организирани две годишни јавни кампањи.

Период на реализација:

јануари, 2017 година –декември, 2019 година

2.      Содржина на предложените акции

Организациите кои ќе бидат поддржани во рамките на повикот за доделување грант ке добијат континуирана и систематска  менторска поддршка за спроведување на утврдената методолошка рамка  за мониторинг и застапување која ги вклучува следниве активности:

  1. Идентификување на заедницата во која ќе се спроведува мониторингот;

  2. Мобилизација и јакнење на заедницата;

  3. Идентификување, воспоставување и одржување на контакти со целни институции и лица;

  4. Прибирање и анализа на податоци во функција на оценка на услугите и нивна валидација преку активно вклучување на заедницата; и

  5. Спроведување на активности за застапување во соработка со заедницата и спроведувачите на проектот.

Освен финансиската поддршка, за организациите грантисти се предвидени и активности за индивидуална поддршка преку теренски посети и активности за вмрежување кои вклучуваат редовни средби на грантистите и имплементирачките организации.

3.      Упатство за учество во повикот

Финансиската поддршка се доделува за спроведување на акциите во период од 22 месеци и тоа од 1 јануари 2018 година до 1 ноември 2019 година.  Овој период ги вклучува и активностите за подготовка на детален план на реализација.

Пријавата треба да биде поднесена од една организација - Носител со која ќе биде потпишан договор за грант (даден во прилог на повикот) доколку организацијата е избрана за финансирање.

Грантот ќе се додели во максимален износ од 10 000 eвра во денарска противвредност на посебната банкарска сметка за овој проект на организацијата Носител, регистрирана во Секретаријатот за европски прашања и ослободена од данок на додадена вредност.  Предложениот буџет во никаков случај не смее да го надмине максималниот износ, ниту да биде помал од 5% од максималниот износ.

Организацијата - Носител ќе биде единствено одговорна за реализацијата на активностите иплаќањата согласно буџетот на акцијата.  Префрлање на доделените средства од грантот на други правни лица не е дозволено, освен за плаќања на услуги директно поврзани со реализацијата на активностите. Средствата од доделениот грант не смеат да се користат за плаќање данок на додадена вредност наведен во повикот.

Пријавите треба да бидат доставени исклучиво по електронска пошта даден во прилог. 

Секоја пријава треба да ги содржи следниве документи:

Целосно пополнет формулар за пријавување кој ги вклучува следниве обрасци:

А. Образец за пријавување пополнет на македонски јазик,

В. Образец за предлог - буџет.  Буџетот треба да биде испланиран во рамките на трошоците дозволени во буџетскиот образец.

Обрасците треба да бидат пополнети компјутерски, напишаните на рака нема да бидат земени предвид.

Изјава за расположливост за секој од членовите/ките на предложениот тим.

I.  Критериуми за оценување и избор и рокови

Изборот на организациите на кои ќе им биде доделен грант ќе се одвива во две фази и тоа:

  1. Оценување на пријавите според основните квалификациски барања - 24 ноември 2017
  • Образецот е соодветно пополнет и пријавата со придружната документација е доставена во рок и на начин предвиден со повикот
  • Временска рамка и висината на буџетот содветствуваат со барањата од повикот
  1. Оценување на предлог проектите - 30 ноември

Предлог проектите ќе се оценуваат согласно следнава табела за бодување:

Критериум

Опис

Бодови

Оправданост на локацијата

Изборот на заедницата и предложениот тим е соодветно поткрепен со податоци

30

Искуство и вештини на организацијата за спроведување на истражувања

Организацијата има историја на спроведување и поседува технички квалификации за примена на истражувачки методи и техники

30

Претходно искуство во работа со заедницата

Организацијата има историја на теренска работа и комуникација со пошироката заедница

20

Претходно искуство во јавно застапување

Организацијата има историја на спроведени локални застапувачки акции

20

 Вкупно

100

ЕСЕ и Акција Здруженска го задржуваат правото да побараат дополнителни информации за предлозите или за подносителите на пријавите за коишто смета дека се потребни за оценувањето.

Сите организации кои се пријавиле ќе бидат писмено известени за резултатите од повикот најдоцна до 7 декември.

За организациите грантисти до крајот на декември 2017 ќе биде организирана средба за потпишување на договорите за грант и појаснување на правата и обврските кои произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка.

Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања ве молиме да се обратите по писмен пат на следниве контакти:

            - Здружение ЕСЕ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , + 389 2 3298 295

            - Акција Здруженска: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , + 389 2 3215 660

 

Повик за доделување на грантови

Апликација за учество на повик

Формат за буџет

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар