Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение по повод 8-ми Март- Меѓународниот ден на жената

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, бара од државата да овозможи достапна и квалитетна здравствена заштита која се однесува на унапредување на женското и репродуктивното здравје за жените на целата територија на Р. Македонија, со посебен осврт на ранливите категории на жени (жените Ромки, жени од рурални средини и жени од социо-економски ранливи категории).

Со таа цел од државата го бараме следното:

  • Обезбедување на гинеколошка здравствена заштита на примарно ниво (матични гинеколози) во сите општини во Р. Македонија, преку покривање на трошокот за специјализација за докторите кои ќе се обврзат да работат како матични гинеколози во општините каде што има недостиг од истите.
  • Зголемување на опфатот на жените со Програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на грло на матка и Програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на дојка, преку зголемување на буџетите на овие Програми и доследно спроведување на планираните активности.
  • Зголемување на опфатот на жените со патронажни посети, особено за време на бременоста и во периодот по породувањето, преку обезбедување на доволен број на патронажни сестри и опрема за патронажните служби во сите општини, како и воспоставување на систем на мониторинг на работата на патронажната служба.

Повеќе...

Отворено владино партнерство – подобрување на процесот на подготовка на акциониот план за поефикасни мерки

Здружението ЕСЕ на 29 февруари 2016 година, учествуваше во панел дискусија на тема Отворено владино партнерство – подобрување на процесот на подготовка на акциониот план за поефикасни мерки организирана од Центарот за истражување и креирање на политики.

На панел дискусијата ЕСЕ даде краток осврт на значењето, историјатот и развојот на ОВП во светот и кај нас, досегашните постигнувања, проблеми и предизвици во спроведувањето на акцискиот план кај нас, како и клучните препораки за негово натамошно унапредување.

Спроведувањето на процесот на ОВП го карактеризираат два спротивставени тренда. Па така, од една страна имаме позитивен тренд на експанзија на опен дата иницијативи; нови и подобри законски решенија за пристап до информации; нови начини за информирање, вклучување и изразување преку социјални медиуми и технологија;  развивање на меѓународни стандарди како што се стандардите за фискална транспарентност, транспарентност при експлоатација на природни ресурси и транспарентност во примање и обезбедување на странска помош итн. и од друга страна, негативен тренд на континуирано ниско ниво на доверба во јавните институции; намалување на степенот на уживање на основните човекови права и ниско ниво на вклученост на граѓаните во развојот на своите општества.

Повеќе...

Информација за медиуми по повод Светскиот ден за борба против карциномот, 04 февруари 2016 година

Светскиот ден за борба против карциномот оваа година се спроведува под слоганoт “Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата, и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.

Кампањата се фокусира на информирање и едукација за зголемена свесноста за превенција од карцином; обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги; обезбедување здрава животна средина; и да се повикување за унапредување на  политиките по однос на ова прашање.

Една од областите во кампањата за 2015 година е обезбедување на пристап до здравствените услуги, а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги. Имено според Светската декларација за карцином, секоја земја треба да обезбеди скрининг на населението за рана детекција на карциномите за кои постојат скрининг методи, вклучувајќи ги и карциномот на ракот на грлото на матката и карциномот на дојката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност.

Повеќе...

Обука за примена на методологијата за оценка на нивото на реактивна и проактивна транспарентност на јавните институции

На 27 јануари 2016 година во Скопје се одржа еднодневна обука наменета за граѓански организации од Шуто Оризари и Делчево за примена на методологијата за оценка на нивото на реактивна и проактивна транспарентност на јавните институции на национално и локално ниво. Покрај обуката, граѓанските организации подготвија план за имплементација методологијата на локално ниво.

Повеќе...

Обука за буџетско и програмско планирање и реализација на Превентивните програми на Министерството за здравство и пристап до информации од јавен карактер

Здружението ЕСЕ на 25 декември 2015 година во хотел Солун, Скопје реализираше еднодневна обука за 34 претставници од партнерските ромски организации од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник и граѓани на овие општини. На обуката беа покриени повеќе теми и тоа: Превентивни програми на Министерството за здравство (содржина, извршител им буџет и процес на подготовка, усвојување и измени) и Право на пристап до информации од јавен карактер (правна регулираност и практично остварување на правото на пристап до информации од јавен карактер).

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар