Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Средба на Амбасадорот на САД со граѓанските организации по повод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8-ми Април меѓународниот ден на Ромите, Амбасадорот на САД, Г-дин Џес Бејли, оствари средба со претставници од граѓанските организации: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ, НВО КХАМ, Ромски ресурсен центар – РРЦ и Фондација Отворено општество – Македонија - ФООМ.

На средбата претставниците од граѓанските организации на Амбасадорот му ја презентираа својата работа на полето на унапредување на здравјето и пристапот до здравствените услуги за Ромите во Р. Македонија. Граѓанските организации го информираа Амбасадорот кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат Ромите при остварувањето на правото на здравје, со акцент на жените и децата од ромската заедница.  Посебен осврт беше даден на недоволниот опфат на мајките и децата со патронажни посети, недостатокот од матични гинеколози, како и недоволниот опфат на жените Ромки со Програмата за скрининг за карцином на грло на матка. На Амбасадорот му беа потенцирани и неповолните социо-економски услови во кои живеат Ромите, а кои имаат негативно влијание врз здравјето и пристапот до здравствените услуги. Исто така, Амбасадорот беше запознаен и со најчестите проблеми со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствените услуги, вклучувајќи ги повредите на правата на пациентите и појавата на дискриминација. На интерес на Амбасадорот му беше предочено дека иако има завршен медицински кадар со средно и високо образование од ромската заедница, се уште ниту еден од нив не е вработен во здравствените установи во Македонија.

Потоа Амбасадорот дискутираше и со претставници од самата ромска заедница при што ги слушна нивните проблеми во однос на пристапот до здравствената заштита.

На крајот од средбата Амбасадорот даде куса изјава за медиумите.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар