Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Учество на ЕСЕ на работилницата „Менување на наративите за Ромите во здравствените средини“

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените од Здружение ЕСЕ учествуваше на работилницата „Менување на наративите за Ромите во здравствените средини“, организирано од Фондациите Отворено општество – Њујорк и Фондацијата Отворено општество – Македонија, која се одржа во периодот од 05 до 07 април 2016 година во Охрид.

Првиот дел од работилницата се состоеше во размена на искуства помеѓу граѓанските организации од Македонија и Романија кои спроведуваат проекти и иницијативи поврзани со менување на наративите за Ромите во здравствените средини, меѓутоа и пошироко во општеството.

На работилницата исто така беа разгледувани и теоретски модели за тоа како се постигнува промена во наративите и однесувањата на луѓето. Воедно беа презентирани и различни практични примери за иницијативи за промена од различни земји во светот, а кои можат да бидат искористени во работата на полето на менување на наративите за Ромите.

На крајот од работилницата учесниците спроведоа практична вежба за подготовка на стратегија за менување на наративите за Ромите, користејќи ги знаењата и искуствата стекнати на работилницата.

Предавачи и фацилитатори на работилницата беа: Бред Дејвидсон и Катарзина Пабијанек од Фондацијата Отворено општество – Њујорк, Др. Илиус Ростас од Корвинус Универзитетот од Романија и Џотика Рамапрасад од Универзитето во Мајами, САД.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар