Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за ангажман на надворешни лица активисти во заедницата за спроведување на активности за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на лицата од Ромските и руралните заедници

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШНИ ЛИЦА

Надворешни лица активисти во заедницата кои ќе бидат ангажирани во активностите за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на лицата од Ромските и руралните заедници

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

Во рамки на годишната Програма за работа на Здружение ЕСЕ за 2022 година, која е кофинансирана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, спроведуваме активности за за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на лицата од Ромските и руралните заедници во Р. Северна Македонија Активностите ќе се спроведуваат во периодот од септември до декември 2022 година.

 

Од надворешните лица активисти во заедницата се очекува исполнување на следните задачи:

- Учество на обука за спроведување на теренско истражување по пат на анкетирање

- Спроведување на теренско истражување по пат на анкетирање преку претходно подготвен анкетен прашалник помеѓу лица од ромски или рурални средини.

- Учество во подготвителните активности за спроведување на дискусии во фокус групи во ромските и рурални средини, вклучувајќи: идентификување на локации за спроведување на фокус групи, идентификување и поканување на лица од ромски или рурални средини за учество во фокус група, логистичка поддршка на персоналот на ЕСЕ при спроведување на фокус групите.

- Да дадат препораки и/или мислења за адресирање на факторите кои имаат негативно влијание врз менталното здравје на лицата од ромските и руралните средини во кои ќе се спроведува истражувањето.

 

Број на позиции   

За горенаведените потреби ќе бидат ангажирани вкупно 7 (седум) надворешни лица активисти во заедницата.

 

Квалификации нанадворешните лица активисти во заедницата

- да живеат во една од следните општини: Прилеп или руралните општини кои гравитираат кон општина Прилеп (Долнени, Кривогаштани и останати), Свети Николе, Куманово или руралните општини кои гравитираат кон општина Куманово.

- да имаат претходно искуство во работа со лицата од ромските или руралните средини.

Како предност ќе се сметаат следните квалификации:

- претходно искуство во работа на граѓански организации

- претходно искуство во спроведување на истражувања

 

Буџет

За ангажманот на едно лице активист во заедницата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 625 ЕУР, што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс на НАБРСМ утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ, по завршувањето на предвидените активности.

 

Потребна документација за аплицирање

- Кратка биографија (CV)

 

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Повик за ангажирање на надворешни лица активисти во заедницата за проценка на факторите кои влијаат врз менталното здравје”, најдоцна до 26 август 2022 година.

 

Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настани

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за конференциски услуги за организирање на два настани на 07 и 12 септември 2022 година

 

Повикот се однесува на организирање на настани (обуки за анкетари) во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

-  Две обуки за анкетари за спроведување на теренско истражување во рурални и ромски средини (2 дена, очекувано времетраење од 2 часа, од 25 до 30 учесници)

 

Понудувачите треба да достават:

1. Мени со цени на пијалаци и храна,

2. Цена за изнајмување на простор – Ве молиме доставете цена за изнајмување за 1 ден и цена за изнајмување за 2 часа

3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно).

Повеќе...

Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во општините Виница, Делчево и с. Црник

На 12 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 12 учесници од Делчево, Виница и с. Црник. Дел од фокус групата беа жители во овие општини и села; претставник на секторот за животна средина и комунални дејности во општина Виница; и претставници на партнерската организација КХАМ од Делчево. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска, експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, дотраеност на системот за водоснабдување, горење на отпад и други материјали, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.

Повеќе...

Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во општина Шуто Оризари

На 11 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 16 учесници од Скопје, Општина Шуто Оризари. Дел од фокус групата беа жители на населените места Хангарни Бараки и Нов Живот; претставник на една граѓанска организација (иницијатива на жените на општина Шуто Оризари); претставник на секторот за животна средина и комунални дејности во општина Шуто Оризари; претставници на секторот животна средина од градот Скопје и претставници на партнерската организација Романо Чачипе од Шуто Оризари. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, недостаток на атмосферска канализација, горење на отпад и други материјали, немање на детален урбанистички план, работа со отпад, стар и дотрајан јавен превоз, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.

Повеќе...

Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во Куманово

На 10 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа повеќе од 14 учесници од Куманово. Дел од фокус групата беа жители на населените места Бавчи, Средорек и Бараки; претставници на две граѓански организации ДРОМ и НРЦ; две претставнички на општа болница Куманово; претставничка на Центарот за јавно здравје Куманово; претставник на секторот за животна средина во општина Куманово; и претставници на партнерската организација Мајка од Куманово. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, загадување на води со отпад, површински води од канализација, немање на урбанистички план за населените места каде живеат Ромите, условите во кои Ромите живеат (влага, мувла, пренаселеност, итн.), и многу други аспекти. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар