Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обука за евидентирање на влијанието на еколошките ризици врз здравјето на Ромите преку користење на методологија – Photovoice

На 03 јуни 2022 година, со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, беше спроведена еднодневна обука наменета за градење на капацитетите на три граѓански организации од Куманово, Шуто Оризари и Прилеп (Мајка, Романо Чачипе и Станица Пет) за примена на методологијата “Photovoice”. На обуката присуствуваа 13 лица. Обуката беше спроведена од страна на Софија Семенпеева Трајановска.

За време на обуката, учесниците дискутираа за клучните проблеми и изложеноста на Ромите на еколошки ризици, како и за влијанието на истите врз нивното здравје. Дополнително, присутните се стекнаа со познавање за развојот на методологијата за Photovoice, основните чекори за нејзино практикување, како и за  придобивките до спроведување на оваа методологија. Како резултат на оваа обука, присутните ќе развиваат продукти преку кои сликовито ќе се прикаже реалноста во која живеат Ромите и влијанието на еколошките ризици врз нивното здравје.

Повеќе...

Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво

Оваа анализа има за цел да утврди дали социјалната заштита планирана на локално/општинско ниво предвидува соработка со ГО како вршители на предвидените мерки и активности од областа на социјална и здравствена заштита предвидена со плановите за социјална заштита и доколку се планирани за каков вид на активности и на кој начин се поддржани. Следното прашање е колку реално ГО се поддржани од страна на локалните власти, односно дали навистина добиле средства, дополнително на она што е планирано.

Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво

Повеќе...

Обука за млади правници/чки за правна заштита од семејно насилство

Во периодот 14 до 15ти мај 2022 година, Здружението ЕСЕ организираше обука за млади правници/чки, со цел подобрување на знаењата и вештините на идните практичари/ки за обезбедување на правна заштита на жените што претрпеле семејно насилство. Фокусот беше ставен на начинот на информирањето на жените што претрпеле семејно насилство за нивните права и мерки за заштита; како и обезбедување на правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство и останатите граѓански  судски постапки за решавање на поврзаните правни проблеми на жените, како што се развод на брак, старателство, издршка, делба на имот, надомест на штета и др. На обуката се обратија Делфина Тодоровска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ и Наташа Бошкова адвокатка во Центарот за правна помош. Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“, со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина.

Обука на анкетари за спроведување на анкета за оценка на влијанието на еколошките ризици и климатските промени врз здравјето на Ромите

На 11 април 2022 година, ЕСЕ во соработка со Ивана Петкановска од ЦеПроСАРД  и Тим Институт од Скопје спроведе обука наменета за анкетари кои во наредниот месец ќе спроведат анкета помеѓу 2.200 домаќинства од повеќе ромски населби од Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Виница, Делчево и Пехчево. Анкетата ќе се спроведува по претходно развиен прашалник, структуриран во неколку делови кој ќе овозможат обезбедување на информации за оценување на состојбите во населбите каде живеат Ромите и местата каде тие работат од аспект на нивната изложеност на различните видови на еколошки ризици и климатски промени. Спроведувањето на анкетата е поддржано од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Повеќе...

НЕ за штедење од здравјето на граѓаните!

Здружение ЕСЕ се приклучи на иницијативата на здруженијата членки на Платформата за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ*, и Иницијативата на жени од Шуто Оризари во организација на протестот за изразување на незадоволство од кратењето на буџетот за превентивна здравствена заштита од страна на Министерството за здравство и Владата, и конкретно за кратењето на  буџетот за системот на заштита од ХИВ за дури 40 %.

Здравјето на граѓаните мора да биде врвен приоритет, а економската криза не смее да биде оправдување за кратење на средства од здравствената заштита и тоа во услови на пандемија!

Со кратењето на буџетот за системот на заштита од ХИВ за дури 40 %, Министерството за здравство директно го загрозува здравјето на луѓето и може да ја разгори епидемијата со ХИВ.

На протестот свое обраќање имаше Координаторот на програмата за јавно здравје на ЕСЕ, и при тоа нагласи дека во планирањето и буџетирањето во здравството ниту една група од населението не смее да биде дискриминирана, а при буџетирањето во здравството не смее да има уназадување, односно не смее да има кратење. Превентивната здравствена заштита претставува клучен сегмент на еден здравствен систем и финансиските средства издвоени за превентива не се сметаат за трошоци, туку за инвестиција.  Во 2019 година буџетот за превентивна здравствена заштита изнесува само 9% од целиот буџет на Министерството за здравство. Во периодот од 2012 до 2019 година Министерството за здравство секоја година дополнително го крати буџетот за превентивна здравствена заштита за околу 10%. За илустрација, поради тоа што државата со години не инвестира доволно средства во програмата за скрининг на рак на грлото на матката, секоја година 40 жени умираат од овој карцином. 

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар