Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Втора консултативна средба за отворено владино партнерство

Одржана втората консултативна средба на на Иницијативниот одбор на мрежата на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП) со институциите и други организации вклучени во процесот на ОВП

На 24 јануари 2020 година се одржа втората консултативна средба од процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија. Овој процес на консултации има за цел воспоставување организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни, а во пресрет на процесот на подготовка, развој и имплементација на новиот акциски план.

На средбата присуствуваа граѓански организации – членки на Иницијативниот одбор на мрежата на граѓански организации за отворено владино партнерство, претставници од институциите (Министерство за информатичко општество и администрација, Влада на Република Северна Македонија, Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, Агенција за слободен пристап до информации, Министерство за здравство, Министерство за локална самоуправа), како и други граѓански и меѓународни организации кои имаат активно учество во процесите за подготовка и имплементација на Акциските планови за ОВП.

Повеќе...

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Одржана консултативна средба на Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП) со институциите вклучени во процесот на ОВП

На 24 декември 2019 година, Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП)одржа средба со претставници од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа иницијална средба имаше за цел започнување на процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија.

Повеќе...

Национална конференција “Кои мерки и активности треба да ги преземаат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување”

На  04 ноември 2019 год., во хотел Мериот, се одржа националната конференција “Кои мерки и активности треба да ги преземаат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување”, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ кој што е финансиран од Европската Унија. Дискутиравме за повеќе прашања и дојдовме до повеќе заклучоци, заедно со граѓаните и граѓанските организации сумиравме повеќе препораки како би се олеснила достапноста на мерките и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, за сите невработени граѓани.

 

Учество на првиот Глобален симпозиум на мрежата COPASAH

Двајца претставници од Здружение ЕСЕ земаа учество на првиот Глобален симпозиум на мрежата COPASAH, под наслов “Citizenship, Governance and Accountability in Health”, кој се одржа во периодот од 15 до 18 октомври 2019 во Њу Делхи, Индија. На Симпозиумот, претставниците од ЕСЕ имаа можност да ја презентираат работата на ЕСЕ во Македонија и во регионот по однос на социјалната отчетност и правното зајакнување за унапредувањето на правото на здравје на населението, со посебен фокус на Ромите.

 Претставниците на ЕСЕ својата работа ја презентираа преку учество во пленарните сесии, работилниците, филмските проекции и фото – сториите.

На симпозиумот учество земаа над 450 учесници од 40 земји во светот.

Повеќе...

Шеста обука за параправници

Здружението ЕСЕ од 20 до 22 септември 2019 год. во Струмица, одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија беа: Семејно насилство, застапеност и карактеристики; Предрасуди за семејното насилство; Принципи на работа со жени кои претрпеле семејно насилство; Граѓанско –правна заштита од семејно насилство; Кривично –правна заштита од семејно насилство; Вознемирување на работно место, застапеност и карактеристики  и  Законски механизми за заштита од вознемирување на работно место. Станува збор за шеста последователна обука која се организира со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Хелсиншки Комитет и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар