Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта во Свети Николе

Граѓанска иницијатива на жените на Свети Николе, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 30.09.2019 год., одржа средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта, на која присуствуваа 34 учесници.

Повеќе...

Информација за медиуми - Јавноста од година во година има се по ограничен пристап до информации за работењето на јавните институции

По повод одбележување на меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер ја информираме јавноста дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер не функционира повеќе од една година, поради одложување на изборот на членови на Комисијата и пролонгирање на процесот на трансформација на Комисијата во Агенција. Со ова се крши основното  човеково право за пристап до информации од јавен карактер,  загарантирано со член 16 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  

Со цел нормално функционирање на овој значаен механизам за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер инициравме петиција за собирање потписи со која бараме од Собранието на РСМ да  го забрза процесот на трансформација на Комисијата и во најкраток можен рок да именува директор и заменик директор на Агенцијата со што ќе создаде основни услови за нејзино работење.

Потпиши ја петицијата на следниот линк  https://bit.ly/2oTUtBb и заштити го своето право за пристап до информации од јавен карактер!

Повеќе...

Соопштение за медиуми - Забрзување на реформите во системот за заштита од семејно насилство

На 25 септември 2019 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учествоорганизираше форум за судии и претставници на институциите вклучени во системот за заштита од семејно насилство.На форумот беа презентирани наодите од спроведеното судско набљудување на тековни и завршени предмети за семејно насилство како и препораки за унапредување на системот за заштита од семејно насилство.

Пред присутните се обратија Заменик министер за правда г-дин Оливер Ристовски, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, како и граѓански и кривични судии.

На форумот беа потенцирани дел од бариерите со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство во нивниот пристап до правда, како немањето на бесплатна правна помош, одолговлекувањето на судските постапки, изрекувањето на поблаги казни за сторителите на семејно насилство и неизвршувањето на привремените мерки. Додека пак, некоординираноста помеѓу надлежните институции, недостатокот на континуирана системска едукација на стручните лица и немањето на посебна евиденција за предметите на семејно насилство се системски недостатоци  кои значително придонесуваат за неефективна заштита од семејно насилство.

Претставниците на Основните судови, Јавните обвинителства, Центрите за социјална работа и Секторите за внатрешни работи ја нагласија потребата за поголема координираност помеѓу  институциите и преземање на мерки за подобрување на постоечкиот систем за заштита од семејно насилство.

Повеќе...

Барање за понуди за опрема и техничка поддршка во спроведување на национална конференција

 

I.          ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  (ЕСЕ)  од Скопје  има  потреба  од  опрема  и  техничка  поддршка  за  спроведување  на национална  конференција  во  траење  од  5  часа  за  потребите  на  проектот “Социјална  отчетност  за  родова  еднаквост”  на  4  ноември  2019  година  (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

 

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  –  ЕСЕ  го развива и го  помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ  се  води  од  својата  посветеност  кон  решенија  на  проблемите.  По  пат  на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската  правда,  притоа  сметајќи  дека  правата  на  човекот  претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на  здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето   на   одржливи,   долгорочни   промени.   Правиме   многу   повеќе   од документирање,   пријавување  и  осуда  на  нанесените  неправди.  Обезбедуваме правна и параправна помош и на  тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се   застапуваме   за   менување   на   законите   и   политиките   што   влијаат   врз спроведувањето  на  здравствените  права  и  правата  на  жените.  Застапуваме  на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во   сенка“   и    други   видови   документи   за   спроведување   на   меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Повеќе...

Барање за прибирање на понуди за одржување на национална конференција

I.          ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

 

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  (ЕСЕ)  од Скопје   има   потреба   од   простор,   храна   и   освежување   за   спроведување   на национална  конференција   во   траење   од   5   часа   за   потребите   на   проектот “Социјална  отчетност за родова еднаквост”   (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  –  ЕСЕ  го развива и го  помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ  се  води  од  својата  посветеност  кон  решенија  на  проблемите.  По  пат  на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската  правда, притоа  сметајќи  дека  правата  на  човекот  претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на  здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето   на   одржливи,   долгорочни   промени.   Правиме   многу   повеќе   од документирање,   пријавување  и  осуда  на  нанесените  неправди.  Обезбедуваме правна и параправна помош и на  тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се   застапуваме   за   менување   на законите   и   политиките   што   влијаат   врз спроведувањето  на  здравствените  права  и  правата  на  жените.  Застапуваме  на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во   сенка“   и    други   видови   документи   за   спроведување   на   меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар