Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

www.pobarajsovet.mk - Интернет платформа за бесплатни правни совети

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество ја пушти во употреба првата интернет платформа „Побарај совет “ за обезбедување на правна поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство. Преку оваа платформа жените ќе добијат информации за законските можности за заштита од семејно насилство и ќе имаат можност да постават конкретни прашања за надминување на проблемот со насилството и разрешување на проблемите кои се последица на семејното насилство, како што се разводот на брак, старателството над децата, издршката, имотните односи, наследувањето, кривичните дела поврзани со семејното насилство, можностите за итна заштита преку привремени мерки за заштита, итн.

Платформата за правна помош содржи и посебен дел за практичарите од надлежните институции, како што се центрите за социјална работа, полицијата, Основното јавно обвинителство и судовите. Покрај  информациите за законската регулираност и надлежностите на надлежните институции, практичарите ќе имаат можност да постават прашања и да се консултираат при постапувањето во предмети поврзани со семејното насилство.

Веруваме дека платформата „Побарај совет“ ќе овозможи олеснување на пристапот до правда и разрешување на правните проблеми, преку зголемување на нивото на информираност и правно зајакнување на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на вонредна состојба.  Обезбедувањето на навремени правни совети и поддршка согласно специфичните индивидуални проблеми на жените ќе придонесе за нивно правно зајакнување и подготвеност самостојно да се вклучат во постапките за остварување на нивните права пред надлежните институции.

Повеќе...

Оддаваме почит

Со големо жалење денес ја примивме веста за смртта на професорката Басотова. Со своето учество во работата на Извршниот одбор на ЕСЕ, како и на нејзиното посветено учество на активностите на здружението, резултираа со зголемување на учеството на жените во политичкиот и јавниот живот, но и со подобрување на статусот и положбата на жената воопшто. Професорката беше член на Извршниот одбор на ЕСЕ во два мандати, односно од 2001 до 2009 година. И благодариме за нејзината несебична поддршка низ годините и во оваа прилика и оддаваме посебна почит.

Повеќе...

Може ли да се следи спроведувањето на Цел 16.3?

Агендата 2030 за одржлив развој и 17-те Цели за Одржлив Развој  претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, за да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и за да им се овозможи на сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет.

Развојната Цел 16.3 – Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на пристап до правда за сите, претставува централен елемент од шеснаесеттата развојна цел и ја препознава поврзаноста на пристапот до правда, намалувањето на сиромаштиjата и инклузивниот одржлив развој. Оваа цел обезбедува единствена можност да се даде рефлексија за тоа како националните влади можат да осигураат дека економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување, како интегрален дел за остварување на овие цели.

Повеќе...

Семејното насилство може да има и фатален крај

Повеќе од 60% од убиствата на жени во Македонија е извршено од страна на нивниот партнер. Карантинот покажа дека семејното насилство може да има и фатален крај

 

Реакција за (не)одговорност на институциите

Најзасегнати во пандемијата се лицата кои живеат во супстандардни живеалишта и населби, со фокус на ромските средини. Вкупно 51 организација ја поддржаа реакцијата за (не)одговорност на институциите за овие граѓани

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар