Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за ангажирање на правно лице за осмислување и спроведување на активности и промоција на работењето на ЕСЕ на полето на недискриминацијата и еднаквост

Оваа активност е дел од проектот “Give priority to gender equality” поддржан со грант од ЕУ, референтен бр. IPA/2019/413-755. Основна цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности за ранливите групи на граѓани во областа на социјалните и економски права, односно во областа на родово засновано насилство, вработување и вработливост, здравствени права, пристап до правда и пристап до фискална транспарентност

1.    Основни и посебни цели

Основна цел на овој ангажман е осмислување и спроведување на активности, односно организирање на јавни настани, комуникација со јавноста и медиумите во време на пандемија, како и промоција на работењето на ЕСЕ на полето на промовирањето на недискриминацијата и еднаквоста во општеството. Во оваа насока предвидено е ангажирање на новинар за подготовка на план за реализирање на наведените посебни цели/активности:

Повеќе...

Услови за ангажман на експерти

Подготовка на инструмент за следење на родовата еднаквост во судовите и јавните обвинителства

Во Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 и Одлуката на Владата за приоритетите на Владата за 2020 година[1], реформата на правосудниот систем е издвоена како еден од стратешките приоритети на државата. За потребите на најавените реформи, во 2019 година со поддршка на Британска амбасада Скопје и PricewaterhouseCoopers Macedonia беа подготвени функционални анализи за Апелационите судови, Врховниот суд и Јавното обвинителство во Р.С.Македонија, како и Планови за подобрување  на состојбите во наведените правосудни институции.  Во процесот на подготовка на функционалните анализи и плановите за подобрување, прашањето на родовата еднаквост беше издвоено како посебно прашање, што резултираше во дефинирање на посебен сет на препораки за унапредувањето на состојбите со родовата еднаквост во судскиот и јавнообвинителскиот систем.

Здружението ЕСЕ беше вклучено во подготовката на делот за родовата еднаквост во рамките на функционалните анализи и развиените планови за подобрување на судството и јавното обвинителство. Со анализите и плановите за подобрување беа опфатени следните приоритетни области од работата на судството и јавното обвинителство: внатрешна организација; независност и непристрасност; човечки ресурси; ефикасност и квалитет на работа; транспарентност и отчетност; и услови за работа.  Подготвените анализи укажаа на низа слабости и пречки постигнување на родовата еднаквост од аспект нa даватели или носители на правда.

Оттаму, како последователна активност во рамките на стратешкиот план на ЕСЕ 2020-2024 планирано е следење на состојбите со родовата еднаквост во судството и јавното обвинителство врз основа на наодите од функционалните анализи и препораките во плановите за подобрување.  Операционализирањето на оваа активност е предвидена во рамките на институционалниот грант „Give Priority to Gender Equality”, кој ЕСЕ го спроведува со поддршка на Европска Комисија под референтен број EuropeAid/164650/DD/OPR/MK.

Повеќе...

Оддаваме почит

Со големо жалење и неверување ја примивме веста за смртта на нашата поранешна колешка Весна Јованова.

Весна се приклучи во работата на ЕСЕ во период кој беше клучен за одредување на програмските определби и организацискиот развој. Својата работа во ЕСЕ ја започна како координатор на тригодишната програма под името “Јакнење на капацитетите на женските невладини организации за здравствена едукација”, за потоа да ја координира работата на ново воспоставениот оддел за развој кој беше движечка сила во спроведувањето на стратешката определба и одржливоста на ЕСЕ. Весна посвети една деценија од својот живот работејќи во ЕСЕ и со тоа даде свој личен печат во работењето во организацијата и работата на тимот на ЕСЕ.

Почивај во мир. Во оваа прилика изразуваме и длабоко и искрено сочувство на нејзиното семејство и особено на Влатко, Ведран и Бистра.

Повеќе...

Соопштение за Народниот правобранител - Мрежата за заштита од дискриминација бара избор на стручни и компетентни лица во институцијата Народен правобранител

Мрежата за заштита од дискриминација континуирано ја следи  работата на Народниот правобранител како национална институција за човекови права и во последните неколку години има идентификувано повеќе пречки во целокупното нејзино функционирање кои ја ослабуваат нејзината ефикасност и ефективност како институција и ја спречуваат во комплетно исполнување на нејзините надлежности. Меѓу најгорливите се недостатокот на рамномерна распределба на финансиски, на човечки и на технички ресурси, како и степенот на стручност и компетентност на значителен дел од кадарот.

Последните вести кои медиумите ги пренесоа а кои се однесуваат на работата на Народниот правобранител, односно на конфликтот меѓу Народниот правобранител Иџет Мемети и замениците-правобранители, како и на обвинувањата за омаловажување, за скратување на одморот и за одземање на други права, дури и на мобинг од страна на Правобранителот, е скандалозно и вознемирувачко. Ваквите состојби сериозно ја разнишуваат довербата на граѓаните кон институцијата и важноста на нејзината улога.

Во оваа прилика, сакаме да потсетиме дека вториот мандат на Народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот на 2020 година, а согласно Законот за Народниот правобранител, Собранието е законски надлежно да покрене постапка за избор на нов Народен правобранител преку објавување на оглас најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на  актуелниот Народен правобранител.

Повеќе...

Повик за ангажирање на двајца новинари за осмислување и спроведување на активности за организирање на јавни настани и комуникација со јавноста и медиумите во време на пандемија, како и промоција на работењето на ЕСЕ

Оваа активност е дел од проектот „Give Priority to Gender Equality, поддржан со грант од ЕУ, референтен бр. IPA/2019/413-755. Основна цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности за ранливите групи на граѓани во областа на социјалните и економските права, односно во областа на родово засновано насилство, вработување и вработливост, здравствени права, пристап до правда и пристап до фискална транспарентност..

1. НАШАТА ВИЗИЈА И МИСИЈА

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации.

Работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; oбезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар