Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Почнуваат подготовки за издавање на нова еврообврзница со која ќе се покрива буџетската дупка

Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги почнуваат подготовките за издавање на новата, трета по ред еврообврзница.

Преку неа, на странскиот пазар ќе се бараат потребните пари за покривање на буџетскиот дефицит годинава и долговите кои доспеваат.

„Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеани обврски и обврски кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајќи ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година“, појасни Министерството за финансии.

Условите и износот на задолжувањето уште не се познати и ќе зависат од анализите на пазарот што ќе се спроведат. Веќе в понеделник експерти од финансиските институции во земјава ќе се сретнат со инвеститори од неколку европски градови за да го проверат интересот и условите на пазарот.

Повеќе...

Општините бараат измени на Законот за финансиска дисциплина

Единиците на локална самоуправа во Македонија поднесоа иницијатива за измена на Законот за финансиска дисциплина, кој важи едвај два месеца, пишува Дојче Веле.

На средба со претставници на Министерството за финансии, општините се пожалиле на неможноста за примена на овој закон во работењето на училиштата, градинките, домовите за стари лица и објекти од културата, кои се финансираат со блок дотации.

Потоа било укажано на проблемот со блокираните сметки на повеќе општини, прашањето за плаќање на средствата кои општините ги имаат во делот за експропријација, како и прашањата во врска со групните јавни набавки, кои ги спроведуваат општините. Претставниците на општините нагласуваат дека особен проблем ќе претставуваат старите долгови, кои не подлежат на одредбите на овој Закон, а кои не ќе можат да се платат, имајќи ги роковите за плаќање на новите обврски.

Во информација од седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, објавена на веб – страницата на оваа асоцијација, се наведува: „Претставниците на локалните власти сите конкретни предлози ги упатија до ресорното министерство, од кое сега се очекува одговор. Министерството за финансии веќе ги согледало нелогичностите, поради што ќе се пристапи кон одредени измени на законот“.

Повеќе...

Намалените стапки на ДДВ поддршка на стандардот на граѓаните

Собранието на Република Македонија денес во рамки на осмата седница ја утврди потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со кои се предвидува намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите за добиточна храна и жив добиток.

Законот, како што истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, содржи значајна измена во насока на поддршка на стандардот на граѓаните на Република Македонија, посебно на младите семејства кои имаат деца на училишна возраст или бебиња, како и поддршка на земјоделците и сточарите, пред сè како одговор на едно нивно долгогодишно барање.

- Се работи за Закон со кој се предлага намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за три категории производи. Прво за добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток. Второ за бебешки производи и тоа вклучитлено сите бебешки производи и трето за училишниот прибор што го користат децата, торба, ранец, молив, пенкала, работни тетратки, боички и сè друго што спаѓа во училиштен прибор. Ќе дојде до намалување на трошоците за семејствата и за сточарите со што веруваме дека на најдобар и на најдиректен можен начин се поддржува стандардот на младите семејства, на сите што имаат деца на училишна возраст, а во семејствата со повеќе деца посебно ќе се почувствува со заштеди од неколку илјади денари месечно, рече Ставрески.

Повеќе...

Капиталните расходи во 2013 година за 6,5 проценти повисоки од 2012 година

Капиталните расходи како најразвојна компонента на Буџетот во 2013 година беа реализирани во износ од 16 милијарди 611 милиони денари, што претставува зголемување од 6,5 проценти во однос на 2012 година, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во образложението на Завршната сметка за Буџетот за 2013 година која денес беше усвоена во Собранието на Република Македонија.

Тој истакна дека ваквите бројки се резултат и потврда на здравaта политика која ја води Владата во економската сфера.

- Ова претставува потврда на една здрава политика во делот на зголемување на износот на капитални расходи и реализација на проекти кои на краток рок овозможија ангажман на домашната индустрија и градежништвото, а на подолг рок овозможуваат подобрување на конкурентноста на македонската економија, рече Ставрески.

Притоа посочи неколку, како што рече, позначајни проекти и износи на средства во делот на капиталните расходи.

- Една милијарда и 582 милиони денари беа наменети за реализација на проектот на Коридорот 10 - изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, финансирана од буџетски средства, од ИПА средства, како и од кредити од ЕБОР и Европска инвестициска банка, за реконструкција на железничкиот Коридор 10 беа потрошени 678 милиони денари, во комуналната инфраструктура за водоводи и канализации беа потрошени 964 милиони денари. Во здравствениот сектор се инвестираа 2 милијарди 252 милиони денари во делот на капитални расходи наменети за изградба и реконструкција на ЈЗУ и набавка на медицинска опрема, амбулантни возила... Во образованието, спортот и детската заштита, за изградба на училишта и реконструкција на училишта, изградба и реконструкција на спортски сали, игралишта, детски градинки во 2013 година се потрошени 1 милијарда 935 милиони денари, рече Ставрески.

Повеќе...

The International Budget Partnership Response to the Open Working Group’s “Zero Draft rev 1” on Sustainable Development Goals

The International Budget Partnership (IBP) collaborates with civil society around the world to ensure that scarce public resources are used to reduce poverty and promote effective governance. Our experience, as well as a growing body of evidence, shows that when citizens have access to information and opportunities to participate in the policy and budget process they can help to improve service delivery and strengthen oversight, resulting in substantive improvements in poverty and development outcomes.

The IBP and its civil society partners from 60 countries congratulate the United Nations’ Open Working Group (OWG) on the latest draft of the Sustainable Development Goals (SDGs). We endorse the recommended goals and targets in the revised zero draft that emphasize greater transparency, public participation (16.4), and accountability (16.9) in development efforts, in particular target 16.7 that seeks to “promote free and easy access to information, freedom of expression, association, and peaceful assembly.”

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар