Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Почнуваат подготовки за издавање на нова еврообврзница со која ќе се покрива буџетската дупка

Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги почнуваат подготовките за издавање на новата, трета по ред еврообврзница.

Преку неа, на странскиот пазар ќе се бараат потребните пари за покривање на буџетскиот дефицит годинава и долговите кои доспеваат.

„Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеани обврски и обврски кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајќи ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година“, појасни Министерството за финансии.

Условите и износот на задолжувањето уште не се познати и ќе зависат од анализите на пазарот што ќе се спроведат. Веќе в понеделник експерти од финансиските институции во земјава ќе се сретнат со инвеститори од неколку европски градови за да го проверат интересот и условите на пазарот.

Веќе следната година Македонија ќе треба да врати речиси 800 милиони евра, од кои околу 450 милиони евра се доспеани долгови кон домашни и странски кредитори, а остатокот се за покривање на буџетската дупка.

Ова ќе биде трета евообврзница што ќе ја издаде Македонија на меѓународниот финансиски пазар. Првата беше издадена во мандатот на СДСМ кога министер за финансии беше Никола Поповски – 150 милиони евра со рок на доспевање во 2015-та година и со каматна стапка од 4,6 отсто. Втората еврообврзница Македонија ја издаде во мандатот на ВМРО ДПМНЕ, кога министер за финансии беше Трајко Славевски – 175 милиони евра со каматна стапка од 9,8 отсто кои беа исплатени лани.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар