Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Граѓанските организации ЕСЕ, ЦДРИМ, ЛИЛ и КХАМ, бараат од Владата на РМ и Министерството за здравство да ги прифатат предложените мерки за зголемување на опфатот со имунизација на децата од ромските заедници

 

Овие граѓански организации, во 2012 година, спроведоа мониторинг на имплементацијата на специфичните активности за зголемување на опфатот на децата од ромските заедници со превентивни здравствени услуги (вакцинација, патронажни посети и здравствена едукација) утврдени со Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца во 8 општини[1] и 15 населени места во РМ.

Клучни промени во износот на средства наменети за Роми настанаа во 2012 година. Имено, во 2012 година, алоцирани се 390.000,00 денари, што е за 85% помалку од средствата за Роми предвидени  со ребалансот во 2011 година. Ваквата состојба останува непроменета и во 2013 година.

Резултатите од спроведениот мониторинг укажуваат на следното:

Владата на РМ и Министерството за здравство во 2011, за Програмата, алоцирале вкупно 2.868.600,00 денари за активности за надминување на проблемите со превентивна здравствена  заштита на Ромите или 14% од вкупниот буџет на оваа Програма. По 9 месеци од донесувањето на Програмата, Министерството за здравство ги намали средствата наменети за Роми за 10%, а пак до крајот на истата година потроши само 40% од овие средства. Нема достапни податоци за тоа каде се потрошени или пренаменети остатокот од непотрошените средства.

Повеќе...

Здружението ЕСЕ, во соработка со НВО ЛИЛ, НВО ЦДРИМ и НВО КХАМ утре ќе спроведе прес конференција на тема “Имунизација на децата од ромските заедници во РМ - наоди и препораки по спроведен мониторинг на превентивните владини мерки -”

 

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Р. Македонија (ЕСЕ); Центарот за Демократски развој и иницијативи (ЦДРИМ); Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и НВО КХАМ, поддржани од Фондацијата отворено општество - Македонија, на ден 07 ноември 2013 година  (четврток) во Клубот на новинари со почеток во 11 часот ќе организираат прес конференција со цел презентирање на наодите од спроведениот мониторинг на имплементацијата на специфичните активности наменети за ромската заедница, од Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца на Министерството за здравство на РМ, во следните општини: Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Делчево, Виница, Пехчево и Прилеп. Воедно на прес конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од анализата на буџетската реализација на програмата на национално ниво.

Во прилог:

Покана за медиуми

 

Во петок, 8 ноември 2013 година, во х. Арка во Скопје ќе се реализира Националан конференција на тема „Здравје на Ромите – пристап, предизвици и можности за подобрување“ организирана од Здружението ЕСЕ

 

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р. Македонија – ЕСЕ ве поканува да присуствувате на националната конференцијата „Здравје на Ромите – пристап, предизвици и можности за подобрување“, која ќе се одржи на ден 08.11.2013 година во хотел Арка во Скопје, со почеток во 10 часот. Конференцијата е подржана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

На конференцијата ќе се презентираат одделните концепти кои Здружение ЕСЕ заедно со партнерските граѓански организации ги применува на полето на унапредување на здравјето и подобрување на пристапот до здравствени услуги за Ромите во Р. Македонија.

Во прилог:

Покана за конференција

Програма за конференција

ЕСЕ го одбележува меѓународниот ден “Право да знам”, 28 септември 2013 година

 

По повод меѓународниот ден “Право да знам”, ЕСЕ заедно со повеќе од 55 граѓански организации од светот, членки на Глобалното движење за буџетска транспарентност, отчетност и партиципација, учествува во спроведување на интернационална кампања за поддигнување на свеста кај власите за потребата од зголемување на транспарентноста на процесот на прибирање и трошење на буџетските пари, како и зголемување на отвореноста на буџетскиот процес за граѓаните.

Види ја мапата на настани во светот.

По тој повод, Ви ги презентираме резултатите добиени преку истражувње спроведено во две општини од РМ, и тоа општина Кочани и општина Тетово.

Прочитајте повеќе за наодите и препораките на следните линкови:

Финална анализа - Кочани

Финална анализа - Тетово

Трето издание на билтенот на мрежата на организации кои работат на отчетност и социјална акција во здравството (Community of Practitioners on Accountability and Social Action in Health)

 

Здружението ЕСЕ, повеќе од две години ја имплементира методологијата за мониторинг на заедницата и соработува со голем број на граѓански организации во Р. Македонија и странство.

Како препознаена организација во светот која работи на ова прашање, работата и искуствата на ЕСЕ во овој домен беа презентирани во најновиот број на билтенот насловен – COPASH Communiqué.

ЕСЕ, од почетокот на 2013 година е дел од интернационалната мрежа на граѓански организации кои работат на полето отчетност и социјална акција во здравството (Community of Practitioners on Accountability and Social Action in Health).


Прилог: Билтен

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар