Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Граѓанските организации ЕСЕ, ЦДРИМ, ЛИЛ и КХАМ, бараат од Владата на РМ и Министерството за здравство да ги прифатат предложените мерки за зголемување на опфатот со имунизација на децата од ромските заедници

 

Овие граѓански организации, во 2012 година, спроведоа мониторинг на имплементацијата на специфичните активности за зголемување на опфатот на децата од ромските заедници со превентивни здравствени услуги (вакцинација, патронажни посети и здравствена едукација) утврдени со Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца во 8 општини[1] и 15 населени места во РМ.

Клучни промени во износот на средства наменети за Роми настанаа во 2012 година. Имено, во 2012 година, алоцирани се 390.000,00 денари, што е за 85% помалку од средствата за Роми предвидени  со ребалансот во 2011 година. Ваквата состојба останува непроменета и во 2013 година.

Резултатите од спроведениот мониторинг укажуваат на следното:

Владата на РМ и Министерството за здравство во 2011, за Програмата, алоцирале вкупно 2.868.600,00 денари за активности за надминување на проблемите со превентивна здравствена  заштита на Ромите или 14% од вкупниот буџет на оваа Програма. По 9 месеци од донесувањето на Програмата, Министерството за здравство ги намали средствата наменети за Роми за 10%, а пак до крајот на истата година потроши само 40% од овие средства. Нема достапни податоци за тоа каде се потрошени или пренаменети остатокот од непотрошените средства.

Како директна последица на не спроведувањето на превентивните активности  и намалувањето на буџетот, од кои зависи опфатот со вакцинација, резултатите од мониторингот упатуваат на низок степен на опфат на децата од ромските заедници со мерките за имунизација.

Прочитај го целото соопштение

 


[1] Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Делчево, Виница, Пехчево и Прилеп.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар