Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“ - 22-23.06.2013

 

Во рамките на иницијативата „Човекови права во здравствена заштита“ реализирана од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и финансиски поддржана од Фондациите отворено општество од Њујорк и Фондацијата отворено општество – Македонија, во периодот 22-23 јуни (сабота - недела) во хотел „Арка“, Скопје, ќе се одржи дводневна обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“.

Претстојната обука претставува продолжение на нашите досегашни заеднички заложби и работа во насока на унапредување на состојбите по однос на спроведувањето на правото на здравје преку вклучување и мобилизирање на поширок круг на граѓански организации кои претставуваат здруженија на пациенти од различни заболувања. На обуката ќе присуствуваат претставници од Министерството за здравство, Републички санитарен и здравствен инспекторат и претставник од Комисијата за заштита на права на пациенти.

Повеќе...

Активности во рамките на Основното истражување по однос на здравствениот статус и здравствените права на Ромите во Р. Македонија

Здружението ЕСЕ го спроведува ова истражување со цел да се направи проценка на здравствената состојба на ромската заедница, пристапот до здравствена заштита и состојбата во однос на почитување на здравствените права на Ромите во однос со не-ромското население кое живее во близина на ромските населби.

Во тек е анкетното истражување на терен со кое се опфатени 650 испитаници Роми и 650 испитаници припадници на останатите етнички заедници кои живеат во близина на ромските населби. Анкетирањето се спроведува во следните општини: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Штип, Делчево, Пехчево и Виница. Теренското анкетирање се спроведува од страна на 18 анкетари, кои претходно поминаа обука за спроведување на анкетирањето.

ЕСЕ се приклучи на протестот против донесување на предлог законот за прекинување на бременост

ЕСЕ го поддржа протестот кој се одржа пред Собранието на РМ на 06.06.2013, на кој се вклучија стотина претставници на граѓанскиот сектор во Р. Македонија. Протестот беше одржан против одлуката на Собранието на РМ за донесување на предлог законот за прекинување на бременост по скратена постапка. Граѓанските организации побараа целосно повлекување на законот и формирање на работни тела во кои ќе се вклучат граѓанските организации и жените за заедничко креирање на законот.

Во Собранието жестока дебата за законот за прекин на бременоста, надвор свирежи и протести. За министерот за здравство Никола Тодоров законот е добар - го штити здравјето на жената и нема да подлежи на големи промени.

Опозицијата побара итно повлекување на спорниот закон со кој се кршат основните права на жената. Според нив, потребен е нов закон, но под лупа на експертите и невладиниот сектор. 

Повеќе...

54 седница на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ и Здружението Акција Здруженска, следејќи ја праксата на постојан мониторинг на женските човекови права и известување за состојбите пред соодветните меѓународни и регионални тела, подготвија извештај во сенка кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (КЕДЖ)  и земаа учество на 54 седница, каде ги презентираа состојбите во земјава. Ова е втор пат Република Македонија да известува пред овој Комитет, задолжен за следење на имплементацијата на прогресот  на полето на родовата еднаквост и дискриминација врз жената. Извештајот во сенка беше подготвен со помош и соработка на дванаесет граѓански организации.

Соопштение за медиуми.pdf

Republic of Macedonia - Shadow Report on CEDAW.pdf

Statement Republic of Macedonia-Association ESE and AZ.pdf

Известување на РМ пред CEDAW комитетот.pdf

Известување на граѓански организации пред CEDAW комитетот.pdf

 06.03.2013

ЕСЕ се приклучи кон протестот на граѓанските организации и побара од Министерот за здравство и останатите надлежни институции итно да се повлече Предлог законот за прекинување на бременост

ЕСЕ се приклучи кон протестот на повеќе граѓански организации кои на ден 29.05.2013 година јавно протестираа пред Собранието на РМ поради поставување на Предлог- законот за прекинување на бременост на дневен ред за усвојување во скратена постапка.

Обидот за носење на нов закон во скратена постапка, без притоа да се спроведе опсежна и јавна расправа со општата и стручната јавност, како и граѓанските организации кои работат на полето на женски човекови права и човекови права, воопшто,  уште еднаш ја потврди праксата на продукција на закони и политики без притоа да се земат предвид потребите на жените и уште повеќе последиците кои овие решенија можат да ги имаат на краткорочен и долгорочен план.

Ова дотолку повеќе што со предлог-законот се задира во областа на репродуктивните права на жената, односно слободата и правото самостојно да одлучува за себе и својот живот. Со предлог законот се предлагаат решенија кои го ограничуваат и усложнуваат начинот на прекинување на бременоста, како и се промовираат одредени постапки кои се во духот на сегашната политика на Владата за промовирање на многудетно семејство.

Всушност, предлог законот преставува продолжение на напорите на Владата која во изминатите години засилено промовира ретроградни и традиционални односи помеѓу мажите и жените содржани во кампањите за промоција на значењето на семејството и укажување за  “штетните последици од абортусот„.

Протестите и инцијативата на граѓанските организации досега се поддржани од страна на над 70 граѓански организации и поединци. Доколку не бидат усвоени барањата за повлекување на предлог-законот, граѓанските организации ќе продолжат со протести и останати форми на изразување на несогласување со политиката по однос на ова прашање.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар