Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“ - 22-23.06.2013

 

Во рамките на иницијативата „Човекови права во здравствена заштита“ реализирана од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и финансиски поддржана од Фондациите отворено општество од Њујорк и Фондацијата отворено општество – Македонија, во периодот 22-23 јуни (сабота - недела) во хотел „Арка“, Скопје, ќе се одржи дводневна обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“.

Претстојната обука претставува продолжение на нашите досегашни заеднички заложби и работа во насока на унапредување на состојбите по однос на спроведувањето на правото на здравје преку вклучување и мобилизирање на поширок круг на граѓански организации кои претставуваат здруженија на пациенти од различни заболувања. На обуката ќе присуствуваат претставници од Министерството за здравство, Републички санитарен и здравствен инспекторат и претставник од Комисијата за заштита на права на пациенти.

Досега, во рамки на оваа иницијатива презедовме активности во насока на зголемување на свесноста и запознавање на практичарите (правници, здравствени работници и соработници), пациенти и претставници на граѓанските организации за заштита на правото на здравје. Истовремено работевме и во насока на зајакнување на соработката на сите заинтересирани страни со цел создавање на можности за преземање и иницирање на случаи за заштита на правото на здравје. Плод на заедничката соработка претставува и подготовката на заеднички извештај за спроведување на правото на здравје кај повеќе ранливи групи на пациенти во рамки на механизмот (УПР – Универзален периодичен преглед), кој ќе биде доставен до Советот за човекови права при ОН.

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар