Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

За владата и буџетот да не е тоалетна хартија?!

 

Владата два месеци доцни со законската обврска да достави завршна сметка за буџетот за 2012 година вели проф. д-р. Узунов. Тој рече дека во развиените држави за недоставување завршна сметка за буџет, односно за недавање целосен и издржан отчет за трошењето на парите на граѓаните „паѓа“ барем министерот за финансии.

-Но, власта во Македонија може да прави што сака. Во 2012 година Владата има потрошено над 2,5 милијарди евра пари на граѓаните, а око не и трепнува да даде отчет за тоа! „Согласно Законот за буџетите, Владата е должна, најдоцна до 30 јуни во тековната година, до Собранието на РМ да достави Завршна сметка за буџетот за претходната година. До денес, два месеци по изминување на законскиот рок, Владата до Собранието нема доставено завршна сметка за Буџетот за 2012 година. Зошто? Ако граѓанин на Македонија задоцни само еден ден над еден месец со регистрирање на своето возило, ќе биде казнет со 500 евра. Ако граѓанин на Македонија не достави навремено даночна пријава за персонален данок од доход, ќе биде казнет од 500 до 1000 евра, ако претпријатие не достави навремено завршна сметка, ќе биде казнето, самото претпријатие со казна од 1.500 до 3.000 евра, а неговиот директор од 500 до 1000 евра – истакна Узунов.

Повеќе...

Заклучно со 31.07.2013 година, Владата во вид на јавни приходи прибрала 80.745 мил. денари, а потрошила 95.096 мил. денари

 

Заклучно 31.07.2013 година, Владата на Република Македонија оствариле 54% од вкупните планирани јавни приходи, а пак потрошиле 57% од износот на планирани јавни расходи. Односно, потрошила 14.351 мил. денари повеќе од расположливите средства во буџетот.

Во истиот период Владата остварила 83% од вкупниот планиран дефицит, што упатува а тоа дека до крајот на годината, Владата неминовно ќе го надмине планираниот износ на буџетски дефицит.

Види го извештајот на Министерството за финансии...

http://www.finance.gov.mk/files/u12/Budget_31_07_2013.pdf

Заклучно со 31.07.2013 година, централната власт должи вкупно 2.670,7 милиони евра

Вкупниот долг на централната власт во првите седум месеци од 2013 година е 48% повисок во однос на вкупниот долг на централната власт за цела 2008 година.

Во вкупниот долг на централната власт најголемо учество имаат средствата обезбедени од надворешни извори (од странство) и тоа повеќе од 50%.

Извештајот на Министерството за финансии

За седум години – државата потрошила 16,5 милијарди евра!

„Да“ за ребаланс на Буџетот, но никако да не се чепкаат капиталните расходи. Дел од економистите што ги консултираше “Фактор“ немаат дилема дека ребалансот на Буџетот е непходен, но упатуваат на тоа дека евентуалното “кастрење“ треба да почне од непродуктивните трошења.

Буџетите растат – каде се ефектите?

За годинава Владата планира да потроши скоро 2,7 милијарди евра. Од 2007 та година до 2013 та година, Буџетот, односно трошењата на државата  се зголемени за скоро 800 милиони евра.

Анализата на „Фактор“ покажува дека за седум години, (вклучувајќи го и Буџетот за 2013 та година), државата потрошила 16 милијарди и 500 милиони евра.

Во 2008 ма година, буџетските трошења надминуваат 2 милијади евра, и од тогаш, секоја година се планираат повисоки буџети.

Иако за оваа 2013 та  Владата планираше да собере 2,4 милијарди евра, а да потроши 2,6 милијарди евра, кризата, но и локалните избори ги нарушија буџетските сметки.

Повеќе...

WHO prequalifies first medicine for treatment of a neglected tropical disease

100 mg tablet of diethylcarbamazine will be used in large-scale treatment of individuals at risk of lymphatic filariasis

20 August 2013 | Geneva - The United Nations Prequalification of Medicines Programme - a United Nations Programme managed by WHO - today announced the prequalification of a medicine for the treatment of a neglected tropical disease. Today’s prequalification, the first for a neglected tropical disease, clears the way for diethylcarbamazine (DEC) to be used in large-scale preventive treatment campaigns, aimed at eliminating lymphatic filariasis (also known as elephantiasis).

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар