Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

За владата и буџетот да не е тоалетна хартија?!

 

Владата два месеци доцни со законската обврска да достави завршна сметка за буџетот за 2012 година вели проф. д-р. Узунов. Тој рече дека во развиените држави за недоставување завршна сметка за буџет, односно за недавање целосен и издржан отчет за трошењето на парите на граѓаните „паѓа“ барем министерот за финансии.

-Но, власта во Македонија може да прави што сака. Во 2012 година Владата има потрошено над 2,5 милијарди евра пари на граѓаните, а око не и трепнува да даде отчет за тоа! „Согласно Законот за буџетите, Владата е должна, најдоцна до 30 јуни во тековната година, до Собранието на РМ да достави Завршна сметка за буџетот за претходната година. До денес, два месеци по изминување на законскиот рок, Владата до Собранието нема доставено завршна сметка за Буџетот за 2012 година. Зошто? Ако граѓанин на Македонија задоцни само еден ден над еден месец со регистрирање на своето возило, ќе биде казнет со 500 евра. Ако граѓанин на Македонија не достави навремено даночна пријава за персонален данок од доход, ќе биде казнет од 500 до 1000 евра, ако претпријатие не достави навремено завршна сметка, ќе биде казнето, самото претпријатие со казна од 1.500 до 3.000 евра, а неговиот директор од 500 до 1000 евра – истакна Узунов.

 Тој праша зошто и два месеца по истекот на законскиот рок владата нема доставено завршна сметка за буџетот за 2012 година и дали таа нешто крие.

-Дали неподнесувањето на завршната сметка треба да се поврзе со фактот дека, преку буџетот, владата во 2012 година потрошила над 100 милиони евра повеќе од тоа што смеела!? Имено, согласно ребалансираниот буџет за 2012 година, Владата требала да потроши 149.500 милиони денари; но, согласно податоците објавени на официјалната веб - страница на Министерството за финансии, таа потрошила 155.800 милиони денари, односно, наместо дефицит од 2,5% од БДП, во 2012 година е направен дефицит од 3,9% од БДП. Најважно, разликата од над 100 милиони евра не е озаконета од Собранието, кое ја има исклучивата надлежност за тоа. За каква тоа отчетност во работењето се фали Владата кога, за најзначајниот документ што го озаконува трошењето огромни пари на граѓаните, таа не доставува отчет? Конечно, дали оваа влада и буџетот го смета за „документ напишан на тоалетна хартија“? – праша Узунов.

 - Во спротивно, ќе биде јасно дека Владата тајно и незаконски ги троши парите на граѓаните. Повторноја истакнуваме заложбата за ребаланс на овогодишниот буџет. Како што кажавме уште пред 2 месеци, тоа е потребно да се направи сега, во текот на месец септември. Владата не смее да помислува дека ќе може и оваа година да потроши повеќе од законски утврдениот буџет, како што има постапено минатата година. Имајќи  во предвид дека Законот за буџетите, во делот на казнените одредби, не содржи одредба за казна за недоставување на завршната сметка за буџетите, предлагаме итна  измена на законот во тој дел, со внесување на соодветна казнена одредба – истакна Узунов.

Извор: Плус инфо

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар