Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Прва работна средба за подготовка на формулари за набљудување на судски случаи (09.12.2014 година)

Во месец октомври 2014 година Здружението ЕСЕ започна со реализација на проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Станува збор за тригодишен проект кој ЕСЕ го спроведува во партнерство со организациите ЛА СТРАДА и Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, чија основна цел е подигнување на степенот на правна заштита на жените жртви на насилство (семејно насилство, трговија со жени, сексуално насилство, сексуални работнички) и дискриминација. Во рамки на проектот предвидено е спроведување на набљудување на судски случаи поврзани со насилство и дискриминација врз жените,  со цел подготовка на анализа со препораки за унапредување на степенот на судска заштита.

На ден 09ти декември 2014 година Здружение ЕСЕ ја организира првата работна средба за подготовка на формулари (прашалници) за набљудување на судски случаи поврзани со родово засновано насилство и дискриминација. На работната средба присуствуваат претставници од ранливите групи (жени жртви на дискриминација и насилство), граѓански и кривични судии, обвинители, адвокати, претставници од релевантни меѓународни организации, како и претставници на партнерските организации вклучени во проектот.  Формуларите ќе претставуваат основа за собирање на податоците за постапувањето на судиите во случаите на насилство и дискриминација врз жените.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар