Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обезбедивме директна поддршка за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените што претрпеле семејно насилство

Во месец јануари им помогнавме на 24 жени што претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП) за решавање на проблемот со насилството и  вообичаените правни проблеми со кои се соочуваат, како што се разводот на брак, старателството, издршката за децата, поделба на имот и остварувањето на права од областа на социјалната заштита. Дел од жените се соочуваат со специфични проблеми во однос на почитувањето  на решенијата на ЦСР за регулирање на родителските права, поради одбивањето на децата да контактираат со другиот родител (таткото). Во ваквите ситуации жените се повикуваат на одговорност, а против дел од нив поведени се кривични постапки за сторено кривично дело „Одземање на малолетник” (Чл. 198 од Кривичен законик).  За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки што се водат пред надлежните институции. Организирани беа 55 индивидуални средби со адвокат и подготвени  вкупно 21 писмен поднесок во постапките за развод на брак (6), старателство (4), издршка (3), кривични предмети (3), имотни спорови (2) и   остварување права од социјална заштита (3).  Обезбедивме адвокатско застапување во кривична постапка за една корисничка,  а една корисничка  беше финансиски поддржана за плаќање судски трошоци во постапка за надомест на нематеријална штета по основ на претрпено семејно насилство. За шест жени обезбедивме психолошко советување од стручно лице психолог.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар