Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Анализиравме дали досудената издршка за децата на жените што претрпеле семејно насилство ги задоволува нивните потреби

Врз основа на спроведените интервјуа со 30 жени што претрпеле семејно насилство кои водат или воделе судска постапка за определување на издршка за нивните деца кон крајот на месец јануари 2024 година започнавме со обработката на податоците и подготовка на третата последователна анализа „Дали досудената издршка ги задоволува потребите на децата“.   Првите наоди од анализата покажуваат дека висината на досудената издршка од страна на основните граѓански судови не е во согласност со потребите на децата, а дополнителен предизвик претставува и неплаќањето на досудената издршка од страна на сторителите на семејно насилство. Овие наоди ги користиме за застапување насочено кон подобрување на судската практика и воспоставување на посебни механизми за ефективна наплата на издршката од страна на родителите кои одбиваат да ги исполнат своите родителски обврски во однос на издржувањето на децата. Оваа активност е дел од проценките кои ги подготвуваме со директно консултирање на жените кои претрепеле семејно насилство со цел утврдување на нивото на искористеност на законски гарантираните права и други специфични потреби во пристапот до правдата.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар