Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Во партнерство со останати ГО работиме на унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи

Проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ се спроведува во партнерство помеѓу граѓанските организации ХЕРА, Здружение ЕСЕ, Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари, со следните цели: 1) Да се зајакне учеството на граѓанското општество во развивањето на здравствените политики и буџети на Владата на Северна Македонија од интерес на ранливи групи граѓани; 2) Да се зголеми ефективноста и финансирањето на владините здравствени програми засновано на докази и според потребите на ранливите групи; и 3) Да се создаде поволна правна средина за граѓанските организации како национални даватели на здравствени услуги која придонесува кон поголема одржливост на услугите за ранливите групи. На 08.02.2024 година претставник на Здружение ЕСЕ учествуваше на координативен состанок на партнерските организации кои го спроведуваат проектот. На состанокот беа планирани наредните активности во рамки на проектот, вклучувајќи подготовка на прашалници за население, подготовка на прашања за барања за пристап до информации од јавен карактер, организирање на средби со донесувачите на одлуки, како и останати активности за координација помеѓу партнерските организации. Како дел од проектот ЕСЕ подготви два прашалници наменети за жени Ромки, и тоа прашалник за проценка на опфатот и квалитетот на услугите од програмата за скрининг на рак на грлото на матката и прашалник за проценка на опфатот и квалитетот на услугите од програмата за скрининг на рак дојката. Проектот се спроведува во рамки на ЦИВИКА МОБИЛИТАС - ПАРТНЕРСКИ ГРАНТОВИ, подржана од SDC – Швајцарската Агенција за развој и соработка и МЦМС – Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар