Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Презентација на Анализата за трошоците и придобивките од патронажната служба

На настанот „Превентивна здравствена заштита на децата - Погодна за целта и отпорна“, организиран од страна на УНИЦЕФ на 25.01.2024 година, Координатор на програма од Здружение ЕСЕ ги презентираше клучните наоди и препораки од „Анализата за трошоците и придобивките од патронажната служба“.  Анализата е подготвена од страна на персоналот на Здружение ЕСЕ во соработка со меѓународната експертка Деби Будлендер, за потребите на УНИЦЕФ како основа за инвестициски случај за соодветна распределба на финансиски средства за патронажната служба  во примарната здравствена заштита во Северна Македонија. Наодите од анализата покажаа дека преку зголемени инвестиции во патронажната служба, како и со унапредена ефикасност во работата на оваа служба ќе се унапреди здравјето на мајките и децата во Р. С. Македонија, што исто така ќе резултира и со заштеди на финансиски средства. Унапредувањето на здравјето преку услугите обезбедени од патронажната служба пред се ќе се постигнат преку зголемен опфат на децата со вакцинација, зголемена стапка на доење на доенчињата, како и унапредена антенатална здравствена заштита и унапредена нега и грижа за новороденчињата и доенчињата.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар