Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настани

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за конференциски услуги за организирање на два настани на 13 и 14 декември 2022 година

Повикот се однесува на организирање на јавни настани со прес конференција во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

  • Два јавни настани со цел промоција на наодите од работата на ЕСЕ со прес конференции (очекувано времетраење на секој настан е 2 до 3 часа, очекуван број на учесници од 25 до 30 учесници)

Понудувачите треба да достават:

1. Мени со цени на пијалаци и храна,

2. Цена за изнајмување на простор

3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно).

 

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата:   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака „За настани на 13 и 14 декември - Здружение ЕСЕ”, најдоцна до 30 ноември, 2022 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Опременост и уредување на простор

Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар