Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за набавка на алат за изработка на накит во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените
Повикот се однесува за набавка на алат за изработка на накит во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Заинтересираните понудувачи треба да испратат понуди за набавка на 20 мали линеарни електрични брусалки.
Понудувачите треба да достават:
Спецификација со цени и опис на алатот,
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 14 ноември, 2022 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена
- Услови за испорака и гарантен рок
Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.