Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за ангажман на Експерти/Конзорциум/Компанија

За спроведување на петдневна обука за изработка на накит, дизајн и изработка на облека и основање, водење и унапредување на бизнис наменет за жени кои претрпеле семејно насилство

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ во континуитет обезбедува правна помош, бесплатно судско застапување и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле насилство.

Здружение ЕСЕ од 2002 година обезбедува бесплатна правна помош и психолошка поддршка за жените што претрпеле семејно насилство, односно за 150-200 жени на годишно ниво, со цел надминување на проблемот со насилството и решавање на поврзаните правни проблеми, како што се разводот на брак, старателството, издршката за децата, делбата на имот и др. Најголемиот дел од корисничките се наоѓаат во неповолна економска состојба, односно се невработени или имаат ниски приходи кои се недоволни за надоместување на трошоците за живот за нив и нивните деца. Оттука, паралелно со правното зајакнување на жените, Здружение ЕСЕ презема чекори за економско јакнење и финансиска независност на жените што претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија број EuropeAid/171328/DD/FPA/MK, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на експерти/конзорциум/компанија во времетраење од пет дена за спроведување на следните активности:

  1. Подготовка на програма и материјали за обука на 5 жени за изработка на накит.
  2. Спроведување на обука на 5 жени за изработка на накит.
  3. Подготовка на програма и материјали за обука на 5 жени за дизајн и изработка на облека.
  4. Спроведување на обука на 5 жени за за дизајн и изработка на облека.
  5. Подготовка на програма и материјали за обука на 10 жени за основање, водење и унапредување на сопствен бизнис.

Напомена:

- Обуката треба да се одржи со физичко присуство на локација која ЕСЕ ќе ја избере како најповолна за организирање на ваков настан, и истата треба да се реализира во периодот од 23 септември до 05 октомври.

- Под еден ден се подразбира програма и обука во траење од 4 до 6 часа.

- Деновите за обука не мора да бидат поврзани еден по друг, туку треба да се организираат согласно расположливоста на жените.

Како резултат на предвидениот ангажман, експертите/конзорциумот/компанијата треба да работи со ЕСЕ и да го подготви следните продукти:

  1. Програма за пет дневна обука за изработка на накит, дизајн и изработка на облека и основа, водење и унапредување на сопствен бизнис.
  2. Материјали кои ќе се користат на обуката.

Експертите/Конзорциумот/Компанијата треба да ги имаат следните квалификации:

- најмалку петгодишно искуство во спроведување на обуки за развивање на вештини за изработка на накит и облека, како и за основање, водење и унапредување на бизнис.

- претходно искуство во развивање и спроведување на обуки на горенаведените теми помеѓу ранливи категории на граѓани.

Буџет

За ангажманот на експертите/конзорциумот/компанијата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 1.550 ЕУР или 516,67 ЕУР по експерт што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ во РСМ. Исплатата на надоместокот ќе се изврши во две транши. Првата по одобрувањето на програмата и материјалите за обуката, а втората по спроведувањето на обуката.

Потребна документација за аплицирање

- Кратка биографија на експертот доколку аплицира индивидуално или пак кратка биографија за сите три експерти доколку се аплицира како компанија или пак конзорциум (не повеќе од една страна)

- Листа на спроведени обуки од областа за која експертот аплицира или пак е назначен (најмногу 10 обуки со линкови за подетални информации доколку постојат)

 

Материјалите кои ќе се развијат како резултат на овој ангажман остануваат во сопственост на Здружението ЕСЕ и истите ЕСЕ може да ги користи во своите редовни активности.

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Повик за обука за накит, облека и бизнис”, најдоцна до 17 август 2022 година

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар