Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Конкурс за фотографија или видео на тема: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КОЈА ЖИВЕМЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ КОИ ПРОМЕНИТЕ НА ИСТАТА ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

Целта на овој конкурс е на креативен начин, низ фотографија или пак видео, учениците во основно или пак средно образование да ги искажат своите ставови за животната средина во која живеат и последиците кои промените на истата ги предизвикуваат врз нивното здравје. Како и да се дадат насоки за подобрување на квалитетот на живеење преку заштита на животната средина.

Теми

  1. Високите температури и животната средина и здравјето.
  2. Жешките точки (загадувачи на воздух, вода и почва) и животната средина и здравјето.
  3. Човекот како фактор за подобрување/уништување на животната средина и здравјето на останатите граѓани.
  4. Државната контрола и грижа за не/подобрување на животната средина и здравјето.
  5. Почитувани функционери.

Краен рок за пријавување01 август 2022 година.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците треба да се пријават индивидуално со најмногу едно дело на некоја од дадените теми.

Учениците може сами да изберат дали делото со кое ќе се пријават на овој конкурс ќе биде во формат на фотографија, комбинација од фотографии прикажани на едена страна во облик на приказна или видео. На фотографиите и видеото дозволено е користење на текст со цел појаснување на пораката за јавноста или пак давање на конкретна препорака.

Доставеното дело треба да биде со висок квалитет и јасно да ја прикаже саканата порака.

Нема да бидат земени предвид за разгледување делата кои поттикнуваат говор на омраза и/или содржат било какви елементи  на дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност.

Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување и/или објавување на делата, а авторите на наградените дела (првите три места) се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите авторски и други права на користење на делата.

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните ученици своите дела, со назнака “КОНКУРС”, треба да ги испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   најдоцна до 01 август 2022 година.

Во маилот наведете го вашето име и презиме и телефон за контакт.

За евентуални прашања во врска со конкурсот, може да се обратите маилот погоре,  најдоцна до 20 јули 2022 година.

СЕЛЕКЦИЈА И НАГРАДИ

Сите пристигнат дела ќе бидат изложени на јавен настан организиран од Здружението ЕСЕ. 10 дела кои ќе освојат најмногу бодови од стручното жири ќе имаат можност да ги презентираат своите дела пред поширока публика (други граѓански организации, граѓани и претставници на јавни институции), а пак најдобрите три дела ќе добијат можност да посетуваат сертифициран курс за  фотографија и полупрофесионален фото апарат.

Сите добиени дела ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија составена од претставник на граѓанска организација, новинар, професионален фотограф и снимател/монтажер. Делата ќе бидат оценувани на скала од 1 до 5 во три категории: колку делото јасно ги доловува темите наведени погоре, квалитет на фотографијата или пак снимката, и колку делото е релевантно за поширока група на граѓани.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар