Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за вклучување на млади правници и студенти по право во програма за јакнење на капацитети за мониторирање, анализирање и решавање на правните проблеми на жените кои претрпеле семејно насилство

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

Иако е законски регулирано од 2004 година, семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој значително го отежнува пристапот до правда за жените и можноста да ги уживаат законски гарантираните слободи и права. Недостатокот на политичка волја и неалоцирањето на доволно буџетски средства од страна на државата, придонесоа за континуиран тренд на висока застапеност на семејното насилство и ненадминување на постоечките системски недостатоци во период  од 17 години: неспроведување на законските одредби за заштита; ниско ниво на координација помеѓу институциите; недостаток на системска едукација на стручните лица; непостоењето на соодветен систем за собирање на податоци

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од втората специфична цел на проектот, „Зголемување на пристапот до информации и правна заштита за жени кои претрпеле семејно насилство, преку обезбедување на директна поддршка за решавање на правните проблеми и јакнење на капацитетите на млади практичари вклучени во системот на заштита“.

 Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, жените кои претрпеле семејно насилство сеуште се соочуваат со низа пречки во пристапот до правдата и разрешувањето на правните проблеми поврзани со семејното насилство, како што се развод на бракот,старателство, издршка, имотни односи и др. Еден од главните недостатоци на постоечкиот систем на заштита е неспроведувањето на законските одредби во пракса и несоодветното постапување на стручните лица од институциите, како што се ЦСР, полицијата, судовите.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за зголемување на ризикот и ескалација на семејното насилство, со што уште повеќе се нагласи потребата за јакнење на капацитетите на практичарите за соодветно идентификување на проблемите со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство и обезбедување на правна помош за нивно разрешување.

Здружение ЕСЕ повеќе од 20 години работи промовира пристап кој подразбира правно зајакнување на жените кои претрпеле семејно насилство и нивно охрабрување да ги искористат законските механизми за заштита, како и јакнење на капацитетите на стручните лица од институциите вклучени во системот на заштита. Во рамките на Здружение ЕСЕ постои Центар за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство кој од 2002 година обезбедува бесплатни правни совети, писмени поднесоци и судско застапување за надминување на проблемот со семејното насилство и останатите правни проблеми.

1. Основни и посебни цели

Основна цел на овој повик е селектирање на група на млади правници – практичари кои ќе поминат програма за јакнење на нивните знаења и вештини за мониторирање, анализирање и решавање на правните проблеми на жените кои претрпеле семејно насилство. Составен дел на програмата за едукација е вклучување во процес на судско набљудување на граѓански и кривични предмети за семејно насилство, односно обезбедување на правни совети за надминување  на проблемите со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство.

Во оваа насока предвидено е селектирање на група од 20 млади правници кои ќе бидат вклучени во следните активности: 

1.1.  Тродневна обука за родовата еднаквост, природата на семејното насилство и меѓународната и националната правна рамка за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство;

1.2.  Еднодневна обука за спроведување на судско набљудување на граѓански и кривични предмети за семејно насилство и обезбедување на правни совети за жените кои претрпеле семејно насилство;

1.3. Последователно вклучување во судско набљудување во основните судови и  обезбедување на правна помош и поддршка во Центарот за правна помошна ЕСЕ.

 

2. Потребни документи за аплицирање на повикот

- Кратка биографија;

- Мотивационо писмо за вклучување во програмата за едукација на млади практичари.

 

Ве молиме доколку сте заинтересирани потребните документи да ги доставите на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Вклучување на млади правници и студенти по право во програма за јакнење на капацитети“, најдоцна до  23ти септември , 2021 година.

 

                                   

 

07.09.2021

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар