Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обука за отпорност на заедницата за кризни состојби и одговор на кризни состојби

На 21,22 и 23 јуни спроведовме обука за претставниците на партнерските Ромски организации и членови на Советите во заедницата (претставници на различни институции, верската и бизнис заедницата и сите заинтересирани групи на граѓани ) со кои во неколку општини во кои живеат Ромите во нашата земја работиме на подигнување на свесноста за потребата од вклучување на граѓаните во одговорот на кризите и кризните состојби преку зголемување на отпорност на заедницата. На оваа обука Далибор Тасевски, доктор по медицина и експерт за одговор на кризи и кризни состојби ги запозна учесниците со различните видови на кризи и кризи состојби, вклучувајќи ја и пандемијата предизвикана од КОВИД-19, пристапот на градење на отпорност на заедницата и разликата на овој од традиционалниот пристап на одговор кон кризи и кризни состојби.  По воведот во овој пристап учесниците  имаа можност да се запознаат со сите фази од процесот на подготовка на планови за зголемување на отпорноста на заедницата, како што се  идентификување на ресурсите и потребите на заедницата, партнерства, соработка и вклучување на остнатите релевантни акери во овој процес, идентификување и одбирање на приоритети и подготвка на работни планови, спроведување на стратегијата за отпорност на заедницата и континуирана проценка на напредокот.

Учесниците на обуката преку дискусија ги споделија своите досегашни искуства во однос на одговор на криза и кризни состојби, идентификуваа одредени потреби и приоритети, како и ресурси со кои можат да одговорат на идни кризни состојби како подготовка на претстојните средби во заедницата кои ќе се одржат во месец јули. На овие средби со помош на Далибор ќе се работи на подготовка на локални планови за отпорност на Ромската заедница во неколку општини.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар