Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за ангажирање на новинар/маркетинг агенција за осмислување и спроведување на план за подигање на јавната свест за природата на семејното насислтво и законските можности за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од првата специфична цел на проектот, „Превенирање на семејното насилство за време на КОВИД-19 кризата, преку кампања за подигање на свесноста и обука за практичари“.

Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, жените сеуште се недоволно информирани за природата на семејното насилство и процедурите за пријавување и заштита пред надлежните институции, како што се Центрите за социјална работа и полицијата.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за зголемување на ризикот и ескалација на семејното насилство, со што уште повеќе се нагласи потребата за поголемо информирање на населението/жените за тоа како да го препознаат семејното насилство и каде да се обратат за помош и поддршка. Истовремено, државата не презеде посебни превентивни мерки за подигање на свесноста во однос на овој сериозен општествен проблем, што дополнително ги ограничи можностите за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство за време на пандемијата. Дотолку повеќе што со ратификувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, нашата држава презеде обврска за интензивирање на превентивните активности и спроведување на национални кампањи за подигање на свеста за родово заснованото насилство и можностите за заштита на жртвите.

 1.       Основни и посебни цели

Основна цел на овој ангажман е осмислување и спроведување на активности насочени кон подигање на свесноста на општата и стручна јавност за природата на семејното насилство и законските механизми за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. Во рамките на истиот предвидено е организирање на јавни настани, комуникација со јавноста и медиумите во време на пандемија, како и промоција на работењето на ЕСЕ во насока на реализирање на предвидената цел.

Во оваа насока предвидено е ангажирање на новинар/маркетинг агенција за реализирање на наведените посебни активности:

1.1.  Подготовка на план со активности и временска рамка за спроведување на кампања за подигање на информираноста на населението за тоа како да го препознаат семејното насилство и кои се законските механизми за заштита, вклучително и активности за поголемо сензитивизирање на практичарите од надлежните институции;

1.2. Подготовка на документарно видео и емитување на националните тв и радио станици и социјалните медиуми за зголемување на информираноста на јавноста и охрабрување на жените да го пријават семејното насилство;

1.3. Организирање на јавна дебата со претставници на надлежните министерства, ЦСР, полицијата, судовите, ГОи за дискутирање на можностите за унапредување на постапувањето на институциите за време на кризна состојба;

1.4. Подготовка на промотивни материјали, како што се лифлети, инфографици, спонзорирани постови за социјалните медиуми.

 

2.       Буџет

За реализација на предвидениот ангажман се превидени финансиски средства во износ од 3.000 ЕВРА, сметано во денарска противредност на денот на префрлање на средствата.

 

3.       Искуство на новинарот/маркетинг агенцијата

- Најмалку 3 години работно искуство во креирање на медиумски содржини во областа на недискриминацијата, еднаквоста и пристапот до правда

- Искуство во работа со граѓански организации.

 

4.       Потребни документи за аплицирање на повикот

- Кратка биографија;

- Листа на ГОи и теми на кои новинарот соработувал во изминатите три години;

- Линкoви до видеа, текстови и објави публикувани од новинарот на темите поврзани со овој повик.

 

Ве молиме доколку сте заинтересирани потребните документи да ги доставите на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „ ангажирање на новинар/маркетинг агенција за осмислување и спроведување на план за подигање на јавната свест за природата на семејното насислтво и законските можности за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство“, најдоцна до  23ти април , 2021 година.

 

                           

 

 26.03.2021

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар