Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Покана за онлајн конференција за медиуми - Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата

Покана за онлајн конференција за медиуми

Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата

Zoom линк:   https://us02web.zoom.us/j/85142535054?pwd=YUpDNHo5S1BGYU5lRnRLZUd4cjNOQT09

Passcode: 388242

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ организира прес конференција за медиуми на тема „Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата .

Прес конференцијата за медиуми ќесеодржина 02 декември 2020 (среда) во11.00 часот.

Истражувањето покажа дека жените го носат најголемиот товар на давањето нега во домашни услови. Односно 73% од примарните даватели на нега се жени.

Обезбедувањето на нега во домаќинствата има сериозни влијанија врз давателите на негата, како и на целото семејство. Кај  40 % од примарните даватели на нега, неплатената работа за нега имала влиание врз нивната платена работа, како што е неможност да работат воопшто или да работат со полно работно време или пак влиаела врз нивната продуктивност. Неплатената работа за нега има негативно влијание и врз физичкото и психичкото здравје на давателите на нега.

Семејствата за потребите за нега во просек имаат трошоци во износ од 7.242 денари месечно за набавка на лекови, медицински материјали, како и за здравтсвена заштита за лицето кое има потреба од нега.

Вредноста на неплатената работа за нега се проценува на 262 947 денари годишно по давател на нега. Всушност тоа е вредност која претставува заштеда за државата, бидејќи луѓето ја вршат во домаќинствата без да бидат платени за тоа.

На средбата со новинарите ќе бидат презентирани дополнителни резултати од истражувањето, како и заклучоците и препораките до државата за унапредување на состојбата на лицата кои не се во можност самостојно да ги извршуваат основните животни потреби и за членовите на семејствата кои се грижат за нив во домашни услови.

 

Лице за контакт:

Борјан Павловски, Координатор на програмата за јавно здравје и здравје на жените

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Teл: 02/3298 295

 

                                                     

Активноста е кофинансирана од ФООМ и Европската Унија

Содржината на овој документ е целосна одговорност на Здружение ЕСЕ и во ниту еден случај не ги одразува ставовите на ФООМ и на Европската Унија

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар