Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за понуди за одржување на јавен настан

I.          ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

 

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  (ЕСЕ)  од Скопје   има   потреба   од   простор   и   освежување   за   спроведување   на Јавен настан во   траење   од   3 часа и 30 минути   за   потребите   на   проектот “Дади приоритет   за                родовата    еднаквост”                          (Grant            Contract           Ref. No. IPA/2019/413-755).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  –  ЕСЕ  го развива и го  помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ  се  води  од  својата  посветеност  кон  решенија  на  проблемите.  По  пат  на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската  правда,  притоа  сметајќи  дека  правата  на  човекот  претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на  здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето   на   одржливи,   долгорочни   промени.   Правиме   многу   повеќе   од документирање,   пријавување  и осуда  на  нанесените  неправди.  Обезбедуваме правна и параправна помош и на  тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се   застапуваме   за   менување   на   законите   и   политиките   што   влијаат   врз спроведувањето  на  здравствените  права  и правата  на  жените.  Застапуваме  на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во   сенка“   и    други   видови   документи   за  спроведување   на   меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Општа цел на проектот “Дади приоритет за родовата еднаквост”:

Да се унапреди реализацијата на социјалните и економските права за жените и останатите ранливи групи од населението, преку нивно зајакнување, мобилизација и вклучување во процесите на подготовка, спроведување и евалуација на јавните политики и услуги. 

Специфични цели на проектот “Дади приоритет за родовата еднаквост”:

- Жените и граѓаните се вклучени во процесите на планирање, спроведување и евалуација на правните регулативи, буџети и услуги на полето на социјалните и економски права;

- Обезбеден еднаков пристап до правда на полето на социјалните и економски права; и

- Промовирана фискална транспарентност на институциите од областа на социјални и економски права.

Времетраење   на   проектот:   12   месеци,      од   01   јануари,   2020   година   до   31 декември, 2020 година.

 

II. ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИТЕ

Ве молиме да ни понудите цени за:

1.   Цена за изнајмување на простор на отворено за одржување на јавниот настан за од 20 – 30 лица во траење од 3 часа и 30 минути, со можност за почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за физичка дистанца и превенција од Covid-19;

2.   Цена за кафе и вода по лице;

3.   Ценoвник за менија за кафе пауза; и 

4.   Ценовник за безалкохолни пијалоци

Ве молиме за точките 2, 3 и 4 приложете и мени.

Цените  во  понудата  треба  да  бидат  изразени  без  ДДВ  или  било  какви  други давачки. 

 

Понудите да ги доставите најдоцна до 01.10.2020 година.

 

Со избраниот понудувач, Здружението ЕСЕ ќе склучи договор за организирање на Јавниот настан.

 

Реализацијата  на  активностите  наведени  под  дел  два  од  овој  повик  се  очекува  да биде по следниот редослед:

- еден јавен настан на 07 октомври 2020 година, со почеток во 10 часот и завршеток во 13:30 часот

 

Понудувачите треба да ги исполнат следните критериуми:

- Услови за работа со можност за организирање на настанот на отворен простор со можност за физичка дистанца и почитување на мерките на Владата на Р. Северна Македонија за превенција од Covid-19;

- Најниска цена.

 

Портфолиото на понудувачите треба да се состои од:

- Опис на условите за работа, со посебен акцент на обезбедување на физичка дистанца и мерките за превенција од Covid-19;

- Детална  писмена  понуда,  која  ќе  вклучува  и  детална  финансиска  конструкција на понудата изразена во МКД;

 

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со набавката Ве молиме да не контактирате во пишана форма на следниот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар