Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение за Медиуми - Дали е среќен 8-ми Март?“

Соопштение за Медиуми

„Дали е среќен 8-ми Март?“ - трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

,,Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.’’ Вака започнува Прогласот од третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“.

Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец, каде неколку активистки јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.

,,Континуираната социјална, економска и политичка нееднаквост на жените во Македонија е причината поради која денес сме собрани да го  изразиме нашиот револт, загриженост и разочарување.  Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образовани од мажите. Насилството врз девојките и жените е жална реалност во нашето општество. Стереотипите, омразата и мизогинијата е присутна не само во приватната сфера, туку и во јавниот дискурс.’’- изјави Снешка Илиќ од Реактор- Истражување во акција.

Салија Бекир Халим од, Иницијативата на жени од Шуто Оризари се осврна на повеќекратната дискриминација врз Ромките, поради тоа што се жени, поради нивниот социоекономски статус и поради нивната етничката припадност. Таа упати повик до државата веднаш да преземе конкретни мерки за да се стави крај на малолетничките бракови, на незаконската наплата од страна на матичните гинеколози и да го донесе Законот за заштита од дискриминација.

Вангелина Пармачка од Национална федерација на фармери истакна дека жените се невидливи потпори во руралните средини, но се соочуваат со голем број на предизвици и проблеми. Пармачка го нагласи барањето за отстранување на дискриминаторската мерка во Програмата за рурален развој 2018 -2021, со која се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработено лице, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри.

Маршот продолжи преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а заврши на плоштадот Филип Втори,каде што Јована Јовановска Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права го прочита Прогласот, кој го доставуваме во прилог на ова соопштение.

--------

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 22 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија.

 

Платформа за родова еднаквост

телефон/факс: + 389 23245536

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

www.rodovaplatforma.mk

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар